„Не вртете ја главата кога ќе видите дека некој е ранлив“: Важна порака на Лејди Гага за менталното здравје!

Задолжително прочитајте!

Гага открила дека е горда што е дел од приказната на филмот „A Star Is Born“

Не вртете ја главата кога ќе видите дека некој е ранлив! Американската поп-ѕвезда Лејди Гага одржала многу емотивен говор на доделувањето на греми-наградите, во кој отворено зборувала за потребата од подигнување свест за менталното здравје.

Гага освоила Греми во категоријата најдобра поп-изведба и најдобар дует за „Shallow“, кој го изведува со Бредли Купер. Станува збор за насловната песна од филмот „Ѕвездата е родена“.

Како што рекла Гага, во филмот преовладуваат теми што се однесуваат на менталното здравје и дека многу е горда што е дел од таа приказна.

„Тоа е многу важно. Многу уметници се борат со тоа и мора да се грижиме за другите. Затоа, ако видите дека некој е ранлив, не вртете ја главата. Ако и вие страдате, дури и да ви е тешко, обидете се да соберете храброст длабоко во себе и да му кажете некому“, порачала Лејди Гага.

Погледнете го нејзиниот говор во целост…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.