Марко Марк откри дека како дете имал проблем со вишокот килограми
Водителот Марко Марк на својот инстаграм-профил сподели емотивно видео со фотографии од детството, откривајќи дека уште од најрана возраст се соочувал со вишок килограми. Наместо приказна за физичкиот изглед, тој одлучи да зборува за многу поважна тема – за невидливите битки што многумина ги водат во тишина.
Во објавата, Марко испраќа силна порака за емпатија, разбирање и поддршка кон сите кои се соочуваат со гојазност или други здравствени и лични предизвици. Тој истакнува дека честопати најтешките борби се токму оние што не можат да се забележат однадвор и затоа, наместо осуда, секој заслужува љубов, разговор и разбирање.
„Наместо тишина, да охрабриме разговор. Наместо осуда, единствено да понудиме разбирање, поддршка и помош“, напиша Марко, додавајќи дека ќе биде пресреќен ако неговото видео допре барем едно срце и некому му даде сила да го направи првиот чекор.
View this post on Instagram
Тој потсетува дека гојазноста не е прашање на волја или карактер, туку хронична здравствена состојба која бара разбирање, стручна медицинска грижа и поддршка од околината.
На крајот, Марко им се обрати на сите кои ја препознаваат сопствената приказна во неговата, охрабрувајќи ги да не се плашат да побараат стручна помош.
„Не затоа што не можеш, туку затоа што не мора да бидеш сам во приказната“, порача водителот.
Неговата искрена исповед наиде на бројни позитивни реакции, а многумина во коментарите му се заблагодарија што отворено зборува за тема за која сè уште ретко се зборува без предрасуди.
ФОТО: ИНСТАГРАМ