Не си дозволувате среќа поради сè што се случува во светот? Еве како да си помогнете

Совети од експерт

Многу луѓе се жалат на глобалната состојба на страдање што во голема мера влијае на нивниот секојдневен живот. Пандемијата на коронавирусот, зголемувањето на бројот на пациенти, природните катастрофи и бројните социјални неправди доведоа до општа вознемиреност.

Голем број луѓе не можат непречено да ги слават своите победи, да уживаат во секојдневните ситници или да се радуваат на некои големи добри вести. Некои луѓе се прашуваат како воопшто да си дозволите среќа, било да е голема или мала, кога колективното страдање се чувствува во воздухот. Како да бидете среќни за веридбата кога некој што го познавате знаете дека изгубил сакана личност? Како да очекувате нова работа кога многу луѓе што ги познавате ги изгубија своите? Како да кажете дека сте задоволни од моменталната животна состојба ако огромното мнозинство не е? Вакви и слични прашања мачат многу луѓе, а Јасмин Марин, експерт за правилно дишење и медитација, реши да одговори на тоа.

Таа вели дека тоа е многу слично на непотребни споредби со други луѓе. Сигурно сте се споредиле со личност која се верила истовремено кога вие сте раскинале долга врска или со некој што добил работа од соништата кога сте незадоволни од вашата. Во овие моменти, луѓето често се предупредуваат и си велат дека споредбата не е ниту здрава ниту добра. Марин вели дека треба да го сториме истото во моменти кога ќе се споредуваме со луѓе кои се во многу полоша ситуација од нас.

Емпатијата е исто така и повеќе од пожелна, но не треба да се оди во крајности и да очајува и да се занемари сопствената среќа и сопствените успеси бидејќи тоа може да доведе до непријатни последици. Слично на тоа, без разлика дали се споредувате со некого или не, емоциите сепак ќе се случат, односно ќе почувствувате како се чувствувате за работите што ви се случиле. Она што можете да го направите е да им се препуштите на овие емоции, никогаш не ги игнорирајте и наоѓајте луѓе со кои секогаш ќе можете да ги споделувате овие емоции – безралика дали се добри или лоши.

Прочитајте и: Само 15 минути пешачење неделно за здрав ум, тело и емоции

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.