Не пропуштајте: Во продажба е ноемврискиот број на „Руски доктор“

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели

Есента е лажлива – додека шушкањето на листовите ви ги милува сетилата, често се случува незабележливо да ве стресе толку силен студ што сите коски ви чкрипат, колената ве стегаат, а грбот ве крши… Затоа, наместо со страв да ги очекувате ладните денови, а со нив и компликациите, токму сега е време да се запрашате дали зглобовите ви се подготвени за студот и да преземете некои мери по совет на руските лекари!

Кога станува збор за здравјето, многумина се плашат од холестеролот како од оган, сметајќи го за причина за многу здравствени проблеми, но фактите кажуваат дека организмот не може без него. Нашите руски стручни соработници, специјалисти и лекари, ви нудат совети како да се справите со тегобите во желудникот и со хеликобактерија, како да го исчистите организмот од никотин и како да им се спротивставите на розацеата и псоријазата, но и што да преземете во случај на белодробна фиброза, а најважно од сѐ – како да се соочите со кризите во животот.

Алкалната диета, масажите, вежбањето, пак, се само дел од она што е неопходно кога станува збор за грижата за телото, затоа што здравото тело е еден од главните чувари на доброто здравје. Многуте корисни но подзаборавени процедури ви ги откриваат големите придобивки за зачувување на здравјето што се кријат во јаболката, лешникот, смолата, смилот, пашканатот, анѓеликата и уште многу други есенски плодови и билки.

А доколку на вашата трпеза има леб – не само што ќе бидете сити туку ќе бидете и здрави.

Ваша Сузана Митревска

Текст и фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.