Не носењето градник ги зголемува градите? Еве што вели науката за тоа

Најчестите митови

Фото: Pixabay

Носењето градник е личен избор. Ако почнува да ви предизвикува мачнини, напорни или ви е непријатно кога носите градник, проверете дали носите правилна големина.

Добар и правилен градник не треба и не смее да биде непријатен. Нема научно истражување за да докаже дека треба (или не треба) да носите градник, но има голем број на митови кога станува збор за тоа. Решивме да ги разложиме најчестите и најпознатите од нив.

Жиците од градник предизвикуваат рак на дојка

Можеби сте чуле за митот за жиците и за нивната поврзаност со ракот на дојка од познаници, блиски луѓе или сте прочитале за тоа на Интернет. Аргументот што го поддржува овој мит е дека жицата од градникот притиска на лимфата, а со тоа влијае на формирање на тумори. Иако често ќе го слушнете ова, нема научни истражувања кои покажуваат врска помеѓу развој на карцином на дојка и носење градник со жица. Д-р Дебора Ветерспун потенцира дека добар градник никогаш не треба да предизвика болка. Ако ја чувствувате, променете го.

Градниците предизвикуваат „обесени” гради

Пред неколку години, францускиот научник Жан-Денис Руилон објави 15-годишна студија во која „докажа“ дека жените што носат градник имаат поголема веројатност да имаат „обесени” гради. Неговото истражување брзо стекна популарност, но беше побиено од бројни научници. Како прво, истражувањето на Руилон не е разгледано од други научници, ниту е објавено во ниту едно медицинско списание, а тоа во голема мерка го намалува неговиот кредибилитет. Она што е исто така важно да се напомене е фактот дека помеѓу 100 и 300 жени кои не биле постари од 35 години биле вклучени во студијата. Ова значи дека повеќето од нив не доживеале природно спуштање на градите, што предизвикува губење на колаген и намалена еластичност на кожата што доаѓа со возраста.

Не носењето градник е поврзано со промискуитет

Многу луѓе, и покрај тоа што живеат во 21 век, коментираат за жени кои ја напуштаат куќата без градници, велејќи дека испраќаат порака за сопствениот промискуитет. Изборот, количината и полот на сексуалните партнери, исто како и не носењето градник, се ваш сопствен избор што во никој случај не е поврзан.

Не носењето градник го поттикнува растот на градите

Нема научно истражување што докажува дека големината на градите е поврзана со носење градник. И покрај митовите и теориите, напротив, научниците велат дека големината на градите се менува со исхраната и вежбањето. Ако сакате да ги зголемите градите, треба да знаете дека не носењето градник не е еден од начините како можете да го направите тоа.

Прочитајте и: Зошто ПМС со годините станува подолг и поинтензивен и како можете да го држите под контрола?

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.