Не е неуспех да се живее со родителите на 40 години и да се нема сопруг и деца: Еве како изгледа неуспехот!

Дали се согласувате?

Рускиот психолог Михаил Лабковски зад себе има повеќе од 25 години работен стаж и многу научни трудови – неговите мисли за неуспехот ви ги пренесуваме во целост

Многу луѓе мислат дека неуспех е да се работа како домар или да се живее со родителите на 40 години. Или на 45 години жената да остане сама, без сопруг и деца, опкружена со мачки.

Но, всушност, неуспехот не изгледа така.

Прочитајте што е неуспех според рускиот психолог Михаил Лабковски

1. Не живеете онака како што сакате.

2. Ја работите најпрестижната работа, но ја мразите.

3. Се венчате за најпаметниот, најпочитуваниот и најубавиот, но не го сакате.

4. Секојдневно броите калории за да носите „туѓо“ тело.

5. Целиот живот сонувате за тоа да напишете роман, но премногу се плашите да продолжите со пишување по второто поглавје.

6. Секоја вечер имате секс, но од чувство на должност – никогаш од страст.

7. Живеете со сопругот во љубов, разбирање и љубезност, но сонувате за соседот.

8. Тоа како кога детето непрестајно сака да си игра, а вие сакате само никој да не ве допира.

9. Тоа е како да сонувате за појадок со кроасан додека прелистувате списание, но наместо тоа „бутате“ инстант хемиска каша додека седите на компјутер.

10. Секој ден сонувате дека сè ќе се промени, но не правите ништо по тоа прашање.

Тоа е она што Лабковски го нарекува неуспех.

Среќа или успех: Што е прво?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.