Не е лесно да си „ангел“: Манекенката го загубила менструалниот циклус поради изгладнување

И била среќна поради тоа!

Бриџит Малком за магазинот Пипл открила на што се изложувала за да ја одржи тенката става, неопходна да котира високо во модниот свет.

Имено, ангелот на популарната модна куќа „Викторија сикрет“ открива дека стресот и напорот на кој била изложена биле толку интензивни што останала без менструалниот циклус. Тоа било знак дека нејзините лоши навики си го зеле данокот и дека веднаш мора да преземе нешто.

Секогаш бев возбудена кога циклусот ќе прескокнеше. Знаев дека моите навики имаат ефект и дека сум слаба. Иако не дозволував да бидат премногу слаба, мојата перцепција беше искривена“, Бриџит Малкон открива во својот блог.

Бриџит секогаш им дава вистински совети на своите следбеници – да го намалат шеќерот во исхраната, да го засилат кардио-тренингот, а всушност на себе испробувала секакви рестриктивни мерки кога колковите ѝ биле пошироки од 88 сантиметри.
Малкон признава дека го сфатила својот проблем и веќе една година работи на тоа да престане со диетите, а истовремено работи и на своето ментално здравје. Ги додала здравите масти во исхраната, престанала напорно да вежба, се ориентирала на јогата и сега очекува циклусот да ѝ се врати.

Имав менструален циклус само двапати последнава година. Нема да се откажам, бидејќи сфаќам колку го загрозив своето здравје“ – искрена е манекенката, која планира еден ден да стане и мајка и затоа свесно работи на себе.

Сакам тело кое може да роди бебе“ – истакнала таа.

Инаку, според нејзините зборови, во светот на модата многу манекенки поради изгладнувањето немаат нормален менструален циклус.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.