Навиките во исхраната на Гвинет Палтроу: „И јас имам неколку фини пороци“

Затоа е секогаш тенка и вита

Фото: Getty Images

Многу познати личности се вистински пионери во модните трендови. Но кога станува збор за исхраната, таа улога ја има Гвинет Палтроу. Ви ја претставуваме историјата на нејзините навики во исхраната.

Макробиотика 1998 – 2002 г. Текстот продолжува по огласот…

Гвинет ги изучуваше принципите на макробиотиката во обид да му помогне на својот татко, кој беше болен од рак на грлото. Постепено и таа го усвои овој начин на исхрана.

Брза храна 2004 г.

За време на бременоста, постојано чувствувала потреба за печено сирење и за помфрит. Подоцна искоментира дека не можела ни да помириса интегрален ориз. Во едно интервју изјави:

Додека бев бремена, открив дека во Лондон нема доволно мексикански ресторани, како и дека пиците се многу мали“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)


 Хедонизам во исхраната 2008 г.

Им се придружува на Марио Батали и Марк Битман на снимањето на ТВ-програма за патувања и за храна. Гвинет без проблем јаде школки, чоколадо и сендвичи и се шегува дека на патувањето ќе се здебели минимум десет килограми.

Без месо мај 2008 г.

Во едно свое интервју изјави дека 15 години нема каснато месо, но затоа јаде риба, млечни производи, а пие кафе и вино.

И јас имам неколку фини пороци“, искоментира Гвинет.

Детоксикација декември 2008 г.

Коктел од чили-пиперче, лимонов сок и јаворов сируп не е највкусното нешто на светот и воопшто не е лесно да го испиете, но затоа е многу делотворен“, рече Гвинет за својата детокс-програма.

 Исхрана со елиминирање јануари 2009 г.

Гвинет ги исфрла преработените намирници и морските плодови од својата исхрана. Ги усвојува принципите на исхрана на Александар Џагнер, според кои бавната функција на цревата може да се забрза со половина чаша масло од рицинус. Празнењето на цревата е основен услов за успешна детоксикација.

Течна исхрана јануари 2010 г.

Овој тип исхрана наложува консумирање сокови и свежи намирници пет дена во неделата заради прочистување на организмот.

Резултатите беа фантастични“, рече Гвинет.

 Домашна кујна април 2011 г.

Ја објавува книгата „Татина ќерка“, со рецепти што му биле омилени на нејзиниот татко, како што се мафините со боровинки на нејзината мајка.

Без глутен, шеќер и млечни производи  март 2012 г.

На еден новинар му открива дека спроведува 12-неделна програма за детоксикација:

Во мојот организам се одвиваат доста воспалителни процеси, па затоа не јадам храна на која сум алергична.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.