Научно докажано: 6 причини зошто луѓето родени во март се посебни

Деца на пролетта

Едно истражување покажало дека од 375 извршни директори, 12,5% биле родени во март

На мрачните зимски денови им се ближи крајот и пролетта се чувствува во воздухот. Тротоарите веќе нема да бидат заледени и мокри, а цвеќињата наскоро ќе почнат да цутат. Овој месец е прекрасен за да станете мајка, но и добар месец е за оние што се родиле во март. Еве што открива науката за бебињата родени во март…

1. Постои голема веројатност дека ќе напредувате на корпоративната скала

Бебињата родени во овој месец најверојатно ќе седат во директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец.

Едно истражување докажало дека од 375 извршни директрои, 12,5% се родени во март. Се смета дека ова е поврзано со тргнувањето на училиште, бидејќи мартовските деца најчесто се постари од другите ученици во класот.

2. Помалку се склони на проблеми со видот

Додека оние што се родени во јули би требало да си ја проверат диоптријата, бебињата родени во март најверојатно нема да го имаат овој проблем. Истражувањата спроведени на 300.000 војници откриле дека кај родените во текот на летото постои поголема веројатност дека ќе бидат кратковиди, додека децата родени напролет ретко имаат проблеми со диоптријата.

3. Тие се природно оптимистични

Едно истражување од 2014 година открило дека луѓето родени во март (како и оние во април и мај) имаат природно вроден оптимизам. Резултатите од истражувањето покажале дека тие имаат најпозитивен поглед кон светот.

4. Постои помал ризик дека ќе се разболат од астма

Во овој период од годината има многу прашина, и иако тоа е непријатно за оние со алергии, одлично е за бебињата родени во март. Според едно истражување од 2015 година, децата родени овој месец поретко заболуваат од астма, бидејќи изложеноста на сите тие честици во раното детство го јакне нивниот имунитет.

5. Најчесто се ноќни птици

Едно истражување за спиењето открило дека децата родени напролет и налето генерално подоцна си легнуваат од оние родени во есен и зима.

6. Во хороскоп ќе бидат Риби или Овни

Овие два хороскопски знака се познати по одлучноста и страсноста. Родените помеѓу 1-ви и 20-ти март се познати како оптимистични Риби, додека оние што се родени по 20-ти март им припаѓаат на пролетните Овни. Овните се познати како огнени и страсни луѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.