Научете се да им кажувате „не“ на луѓето во три едноставни и лесни чекори

Совети од психолог

Поставувањето граници и одбивањето на одредени работи е сосема нормално и води кон поздрав и поисполнет живот.

Но, да се каже „не“ не е секогаш лесно. Постојат луѓе кои не сакаат да бидат одбиени и има луѓе на кои им е тешко да одбијат некого од разни причини. Но, без разлика дали ви е тешко да ги одбиете луѓето што ги сакате поради грижа на совест, треба да знаете дека не мора да се согласувате на сè само затоа што сакате некого. Вашето време и ментално и физичко здравје секогаш треба да бидат на прво место. Според психологот Елизабет Скот, има луѓе кои велат „да“ за да избегнат конфликти со други, луѓе кои не можат да ги одбијат другите поради грижа на совест и оние кои мислат дека можат да направат што било, но многу брзо се чувствуваат уморни и празни, бидејќи постојано се согласуваат на туѓи барања. За да им помогне на овие луѓе, таа секогаш на терапија им ги дава следниве три совети.

Одбијте ги луѓето со извинување

Наместо да се согласите за нешто што не го сакате, само кажете: „Извини, навистина не можам да го сторам тоа што го бараш од мене“. Нека тоа извинување биде искрено, но нека биде точен тонот на вашата реченица. Ако лицето кое ве прашува за услуга се обидува да ве присили да му објасните зошто не можете да го сторите тоа, кажете дека тоа не се вклопува во вашиот преполн распоред. Сосема е во ред да повторите: „Жал ми е, но не одговара на мојот распоред и навистина не можам да го сторам тоа“, а потоа да ја смените темата. Запомнете дека не сте обврзани да правите работи на никого што може да ги направат сами.

Дајте си време

Ако се чувствувате непријатно во моментот кога некој ќе ве замоли за услуга, дајте си време и кажете дека треба да размислите за сè. На овој начин ќе можете да размислите во мир дали сакате да направите нешто или не. Покрај тоа, во ова време можете да се консултирате со други луѓе кои можат да ви помогнат во оваа ситуација.

Кажете „да“ на нешто друго

Многу луѓе едноставно не можат да кажат „не“ и да им го свртат грбот на другите. Ако сте еден од нив, обидете се да одбиете некого велејќи „да“ на друга работа. На пример, ако некој постојано ве замолува да направите задача за нив, следниот пат кажете: „Не можам да го решам ова за вас, но можам да ве научам како да го направите тоа сами“. На овој начин ќе избегнете повторливи барања за истата работа и ќе покажете став.

Што друго треба да знаете?

Кога одбивате луѓе, имајте став, бидете јасни дека нема да се предомислите подоцна и запомнете дека не сте обврзани да дадете објаснување на никого. Доволно е да одбиете некого без да се вклучите во понатамошен разговор затоа што сите имаме право да правиме што сакаме сѐ додека со тоа не повредиме други суштества од нашето опкружување.

Прочитајте и: Формула што ќе ви олесни да се држите до сите цели што сакате да ги постигнете оваа година

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.