Наполни 70 години, а се чувствува како да има 17: Ова е тајната на младешкиот изглед на популарната актерка
Како да е тинејџерка
Џејн Симор влезе во осмата деценија од животот, но вели дека се чувствува како да има 17 години. Актерката наполни 70 години, а во иста форма како и пред 53 години.
View this post on Instagram
Одам на плажа, вежбам пилатес … Се обидувам да останам во форма и да се хранам здраво, но никогаш не сум на диета. Јас сум умерена со сè и тоа функционира“, изјави актерката за време на гостувањето во една ТВ-емисија.
Џејн откри дека наутро пие само една шолја кафе, а преку ден има само еден оброк.
Обично станувам, трчам и потоа заборавам да јадам до пладне. Мојот партнер Дејвид повремено пости, па не јаде пред 14 часот. Ако подоцна станам гладна, јадам темно чоколадо и пијам чаша вино, тоа е оброк, нели? – се пошегува актерката.
Симор тврди дека повеќето нејзини пријатели се исто така во добра форма.
View this post on Instagram
Мислам дека најважно е да се чувствувате добро во вашата кожа. Сега имам иста тежина како што имав кога одев на балетско училиште, на 17. Се дружам со старите колеги преку Зум, сите изгледаме исто, тоа мора да биде тајна во образованието“, додаде таа во шоуто.
Фото: Инстаграм