Најубавата жена на светот плаче секој ден: Емотивна исповед на Бела Хадид за нејзиното здравје

Им се заблагодари на следбениците на тоа што ја слушнаа нејзината вистина.

Бела Хадид важи за девојка чија насмевка вреди милион долари. Меѓутоа, она што досега јавноста не го знаеше е дека приватно таа насмевка не сјае така често како пред камерите.

Дваесет и петгодишната супермоделка призна дека речиси секој ден и секоја ноќ ѝ поминуваат во солзи.

Таа на Инстаграм споделила неколку фотографии на кои е расплакана и им напоменала на следбениците дека она што го гледаме на социјалните мрежи не е вистинскиот живот на познатите личности. Како што објаснила, таа плаче ‘речиси секој ден’ и ‘секоја ноќ’.

Сите кои се мачите, ве молам, запаметете: понекогаш сè што треба да слушнете е дека не сте сами“, напишала Бела, и додала:

„Од мене до вас – не сте сами. Ве сакам, ве гледам, ве слушам“.

Популарната манекенка истакнала дека менталното здравје и хемиската нерамнотежа не се линеарна работа и ја споредила својата состојба, која оди горе-долу, со „луда железница“

Секогаш ве чека светло на крајот на тунелот, а и ролекостерот во некој момент мора да застане… Ќе биде подобро“, нагласила Бела.

Таа додала дека има доволно „падови и прегорувања“ за да може да увиди дека „ако работите напорно на себе, поминувате време сами за да ги разберете своите трауми, предизвикувачи, задоволства и рутини, секогаш ќе можете да разберете и научите повеќе за сопствената болка и како да управувате со неа“.

Тоа е сè што може да барате од себе“, заклучила Хадид.

Најубавата жена на светот, како што ја прогласија научниците мерејќи ги цртите на нејзиното лице, им се заблагодари на следбениците на тоа што ја слушнале нејзината вистина.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.