Најсреќните луѓе на светот никогаш не ги кршат овие правила: Поради тоа животот им е песна!

Применете ги и вие!

Мора да ги усвоите овие совети!

Јапонците веруваат дека секое познанство и секое искуство е единствено богатство што никогаш нема да се повтори на истиот начин. Доколку не уживате во секој момент, тие засекогаш ќе бидат изгубени.

На овој принцип се заснова нивниот живот, па не е чудо што се сметаат за најсреќната нација во светот.

Благодарение на ваквиот начин на размислување, тие секое утро се будат со мисија наредните часови да ги искористат на најдобриот можен начин. Тие знаат дека блиските луѓе им се се’ на светот и дека не треба да се заморуваат со неважни работи.

Вториот принцип по кој се водат е живот без никакви оптоварувања. Грижењето за работите што поминале и врз кои никако не можат да влијаат го оставаат на страна.

Треба да се учи од нив и секој од нас би требало да се води според овие правила…

Не ги одлагајте посебните моменти за подоцна

Секоја можност се пружа само еднаш. Доколку не ја искористите, засекогаш ќе ја изгубите. Живејте сега или никогаш.

Живејте како да не постои утре

Секоја средба со саканите личност искористете ја максимално. Кажете им колку ги сакате и колку ви значат, бидејќи можеби нема да добиете друга прилика.

Живејте во сегашноста

Размислувањето за минатото и исчекувањето на идните настани е губење време. Обидете се да живеете во овој момент, бидете присутни и искористете го токму овој момент на најдобар начин.

Направете нешто што никогаш не сте го направиле

Како што рекол Ајнштајн, не може да правите се’ исто, а да очекувате некаква промена. Обидете се секој ден да искусите нешто ново, па макар било тоа и некоја ситница.

Медитирајте

10 минути медитација дневно потполно ќе ве смири и ќе ви го подобри квалитетот на животот.

Потпрете се на вашите сетила

Научете да слушате, гледате, допирате и да го вдишувате мирисот во секој момент. Тоа ќе ве научи да бидете внимателни кон другите и да го зголемите нивото на емпатија.

Не сте обврзани да правите работи што не ви годат

Луѓето по природа сакаат се’ да менуваат, да имаат можност одново да се откриваат себеси онолку пати колку што е потребно. Ако работите во животот ви се монотони, променети ги. Полесно е одошто мислите, само охрабрете се да пробате.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.