Најпопуларната инфлуенсерка на светот ја покажа својата новогодишна елка: Сите сонуваме за ваква магија! (ВИДЕО)

Кјара Ферањи

Елката и украсите веќе пристигнаа на адресата на најпознатата модна инфлуенсерка – Кјара Ферањи!

Кјара Ферањи е една од најуспешните и најпопуларните манекенки и инфлуенсерки која од ден на ден бележи нови професионални успеси. На Инстаграм ја следат повеќе од 25 милиони луѓе, на сметката има милиони и совршен семеен живот.

Кјара Ферањи го обожава Божиќ и секоја години на своето семејство, но и на следбениците, им покажува како го осмислила новогодишниот декор. Вистина е дека во тоа ѝ помагаат професионалци, но секогаш е нејзина идејата за тоа како сака да ѝ изгледа домот во текот на омилените празници.

Така и оваа година ги отворила вратите од својот стан во Милано, каде што живее со својот сопруг Федез, познат италијански рапер и нивните две деца, синот Леон и ќерката Виторија.

Погледнете го следново видео и уживајте во оваа магија!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)

Поради Инстаграм го напуштила факултетот: Денес е позната инфлуенсерка, а од цифрите што ги заработува ќе ви се заврти во глава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.