Најпопуларната дизајнерка на луксузни венчаници има 71 година, а изгледа вака (ФОТО)
Никој не верува дека е во осмата деценија од животот
Популарната американска дизајнерка со кинеско потекло Вера Ванг на 27 јуни ќе наполни 71 година, а изгледа значително помладо. Таа е родена во 1949 година во Њујорк, на 17 години стана најмладата уредничка на популарниот моден магазин „Вог“, каде што работеше 17 години, по што замина да работи за Ралф Лорен, а две години подоцна, на 40-годишна возраст стана самостојна дизајнерка на најбараните венчаници во светот.
Нејзините фотографии што таа ги сподели на Инстаграм ги шокираа обожавателите низ целиот свет, бидејќи никој не може да поверува дека славната дизајнерка е во осмата деценија од својот живот, а изгледа вака:
View this post on Instagram
Serious procrastination. Lycra/poly in heels…..Thank you @NicoleFritton@ HarpersBazaarUS
Фото: Инстаграм