Најпаметната жена на светот тврди: Ќерките треба да го носат мајчиното моминско презиме, а синовите татковото!

Живее сосема нормално!

Најинтелигентната жена на светот живее повлечено и во целосна анонимност

Марлин вос Савант е родена како Марлин Мак, но не го задржала презимето на својот татко. Рано почнала да верува дека би требало да се задржат предбрачните презимиња, па така синот би требало да го преземе татковото презиме, а ќерката мајчиното. Таа е жената со највисок коефициент на интелигенција во светот!

Кога имала 10 години, решавала два теста за интелигенција. Првиот бил Станфорд-Бинет тест и вклучувал шест прашања кои ги мерат когнитивните способности преку пет фактори. Вториот бил Мега тест, дизајниран за мерење коефициент на интелигенција над 145.

Според Мега тестот, нејзиниот коефициент на интелигенција изнесувал 186, а според скалата на Станфорд-Бинет, изнесувал 228.

По кратка анализа, експертите заклучиле дека 10-годишното девојче има ментални способности на 23-годишна девојка. По 30 години, таа во историјата ќе остане запишана како личноста со највисок коефициент на интелигенција на светот, која долго време го држела тој рекорд во Гинисовата книга на рекорди, додека таа категорија не била укината во 1990 година.

И покрај нејзината висока интелигенција, нејзиното образование се одвивало нормално. Одела во локалното средно училиште и работела во продавницата на татко ѝ. Почнала да студира на општествениот факултет, а потоа се префрлила на студии по психологија на Универзитетот Вашингтон од кој се отпишала по две години.

На почетокот на 80-тите се преселила во Њујорк и почнала да гради писателска кариера, пишувала и логички квизови за еден магазин, пред да добие работа во „Парада“. Пишувала колумни, а луѓето постојано ѝ праќале прашања на кои им одговарала. Во 1987 година се омажила за Роберт Јарвик, еден од дизајнерите на вештачкото срце Јарвик-7.

Подоцна, станала шеф на финансии во компанијата „Jarvik Heart Inc.“. Тие тогаш биле познати како најпаметниот пар во Њујорк.

Низ годините имало повеќе расправи околу автентичноста на тестовите што го измериле нејзиниот степен на интелигенција, со оглед на тоа што моменталните верзии не овозможуваат резултати над 170. И таа самата потврдила дека тоа е малку нејасно подрачје, со оглед на тоа што не е веќе толку лесно да се мери интелигенцијата.

Постојат илјада фактори кои може да влијаат на менталните способности и интелигенција, а тестовите не се доволно опремени за да можат да ги измерат сите нив.

Таа без сомнеж е една од, ако не и најпаметната личност на светот, но Мерлин секогаш се држела подалеку од окото на јавноста. Останала анонимна и сосема обична жена, колумнистка и авторка која објавила неколку книги.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.