Најбогатите жени на светот изгледаат како запуштени домаќинки: Еве зошто убавината не им е приоритет!

Верувале или не

Еве како изгледаат жените што имаат милијарди

Кога ќе ги видат познатите личности, како што се Шакира и Џенифер Лопез, жените честопати коментираат: „Јас да ги имав нивните пари, и јас така ќе изгледав. Кога би вложила еден милион во себе, сите би зборувале дека сум најзгодна!“.

Меѓутоа, на светот постојат богати жени што навистина имаат милијарди долари, но тие изгледаат просечно, дури и запуштено. Еве, уверете се самите:

Татјана Бакалчук, Русија – богатство од 1,2 милијарди долари

Татјана има 44 години и минатата година била на листата на Фобрс како нова милијардерка. Татјана го заработила секој долар со макотрпна работа, бидејќи потекнува од просечно семејство кое немало ни свој имот.

Се образовала за учителка, а тоа и го работела на почетокот. Подоцна основала интернет-продавница со која се збогатила. Татјана се облекува обично, не сака шминка, а ни брендирана гардероба.

Савитри Џиндал, Индија – богатство од 6,5 милијарди долари

Савитра има 59 години и во Индија станала најбогатата дама. Се збогатила по смртта на сопругот кој бил сопственик на металуршка компанија. Савитра има 9 деца: 5 девојчиња и 4 момчиња. Синовите се вработени во компанијата. Савитра е многу паметна. Благодарение на неа, компанијата ги зголемила приходите за неколку пати. Таа носи традиционална облека и се однесува како типична, повозрасна жена од Индија.

Дајана Хендрикс, Америка – богатство од 7,9 милијарди долари

Дијана е извршна потпретседателка и сопственичка на компанијата ABC Supply. Има 73 години. Таа има 7 деца и бизнис што цути. Овој огромен бизнис го наследила од сопругот, но и го дуплирала по неговата смрт во 2007 година. Што се однесува до изгледот, Дајана обожава спорт и здрава исхрана.

Кристи Волтон, Америка – богатство од 8,5 милиони долари

Кристи има 70 години и нејзината приказна е многу необична. Имено, кога нејзиниот сопруг починал, останала сама со детето и синџирот супермаркети Вал-Март. Благодарение на Кристи, компанијата се развива и расте. Денес, Кристи се занимава со хуманитарна работа. Не сака да и’ го привлекува вниманието на јавноста и ги одбегнува медиумите.

Јанг Хуијан, Кина – богатство од 27, 2 милијарди долари

Јанг има 38 години и е најбогатата жена во Кина. Татко и’ дошол до некои акции во градежна фирма и сите и’ ги дал на ќерка му. Почнала да работи на берза, презела големи ризици, но успеала да го зголеми богатството. Кинеските медиуми често знаат да кажат дека Јанг не е убавица и не се ни обидува да биде тоа. Таквите коментари не допираат до неа.

Франсоа Бетенкорт Мајерс, Франција – богатство од 49,5 милијарди долари

Франсоа е најбогатата жена на планетата. Таа поседува 33% удел во Лореал. Постојано донира пари во хуманитарни цели. Ако зборуваме за нејзиниот изглед, таа е далеку од атрактивна жена. Но на Франсоа тоа не и’ е важно. Имаа 66 години нема намера да ги скрие своите брчки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.