Начинот на кој ја пишувате буквата Х открива сѐ за вашата личност: Непогрешлива анализа на ракописот!

Дознајте нешто за вашиот карактер

Фото: Pexels

Познат графолог открива како со помош на анализа на ракописот можете да откриете нечиј карактер

Кога учиме да пишуваме во детството, го оформуваме ракописот кој ќе нѐ следи низ животот подоцна, секако, со мали измени.

А постои и наука која го поврзува начинот на пишување на буквите со карактерните црти на луѓето.

Додека се анализира нечиј ракопис, најмногу се набљудува брзината со која пишува личноста, јачината на притисок на пенкалото на хартијата, положбата на буквите и на зборовите, растојанието помеѓу нив, големината, обликот, заобленоста и закривеноста на буквите.

Славниот графолог Кати Мекнајт, која ги анализирала ракописите на познатите личности како Барак Обама и Опра Винфри, тврди дека можете да го направите тоа и самите.

Повеќето луѓе велат дека буквата Х ја пишуваат така што најпрво повлекуваат коса црта од левата страна кон десната, па врз тоа ја повлекуваат втората коса црта, што по нејзино мислење е правилен начин на пишување.

  • Ако ја пишувате буквата Х така што почнувате од долниот десен агол, тоа кажува дека сакате да напредувате, но сте заглавиле во минатото.
  • Ако почнувате од долниот лев агол, а потоа од десниот, силно сакате да излезете од вашето минато, но тешко ви е да тргнете напред.
  • Ако пишувате од горниот десен агол, тогаш сте бунтовник без причина.
  • Ако само втората црта ја пишувате онака како што би требало, од горниот десен во долниот лев агол, тоа зборува дека се обидувате да се фокусирате на иднината, но дел од вас сѐ уште го привлекува идејата да се вратите во минатото.
  • Правилен е само првиот дел од пишувањето, кога почнувате од горниот десен кон долниот лев агол, но вториот дел, кога од долниот лев тргнувате кон горниот десен агол, открива дека не се согласувате со постоечките правила.
  • Ако пишувате Х од долниот лев агол, вие ги следите трендовите и добро ви оди во тоа.
  • Ако прво повлекувате коса црта од левата кон десната страна, а врз тоа ја повлекувате втората коса црта, тоа открива дека сакате ред и мир.
  • Ако почнувате во горниот десен агол, вие размислувате надвор од општествените рамки.
Начинот на кој кивате може да каже многу за вашиот карактер
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.