Начини за поддршка на пријателите кога и самите сте емотивно скршени

Пријателите се неопходен дел од животот на секој човек.

Човечки е да имате пријатели, да им помагате, да ги советувате, да се дружите со нив и да поминувате низ добро и лошо. Сепак, што е со моментите кога ќе дојдат деновите кога сте едноставно премногу исцрпени за да се справите со нечии проблеми? Иако ова звучи ужасно на почетокот, навистина е така. Тешко е да слушате / поддржувате / советувате некого кога сте сами во хаос и носите сопствен товар. И покрај фактот дека и на вас ви е тешко, вие сакате да бидете добар пријател и да помогнете на најдобар можен начин. Како да го направите тоа?

Терапевтката Габриел Морс истакнува колку е важно да ѝ дадете до знаење на таквата личност дека сте заинтересирани за тоа што ѝ се случува Со поставување прашања за да стигнете до она што навистина му треба на вашиот пријател и избегнувајќи теми за себе.

Прашајте како можете најдобро да ги поддржите – љубезност што е тешко да се замени. Некој само бара совет, збор за охрабрување или рамо за плачење. Терапевтката Елиза Дејвис вели дека токму таквата комуникација ви заштедува време кога сте скршени и сакате да му помогнете на некој друг. Кога ќе добиете одговор од личност за тоа што бара од вас, подобро ќе разберете како да бидете поддршка.

Но, не заборавајте: колку што им требате на вашите пријатели, толку си требате и самите. Дозволете си да бидете ранливи и искористете го вашето право да се потпрете на пријател кога ви треба. Тоа е шармот на вистинското пријателство. И малите знаци на внимание во моментите на емоционална кршливост можат да бидат голема работа – испратете му порака на пријател и прашајте како се чувствува, или насмеано лице што ќе ви го подигне расположението и ќе ви донесе насмевка на лицето.

Прочитајте и: Едноставни медитации кои ќе го смират вашиот ум за 60 секунди

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.