На овој начин полесно и побрзо ќе усвоите нови навики

Совети од експерт

Иако јануари е месец кога повеќето луѓе се ослободуваат од лошите и создаваат нови навики, септември исто така претставува еден вид нов почеток.

Има нешто волшебно во таа смена на сезоните, нешто што нè тера да промениме и да отфрлиме сè што веќе не ни носи корист. Но, менувањето на старите и лоши навики со нови и подобри, честопати не е лесна работа. Постојат многу теории за тоа колку време е потребно за да се создаде нова навика. Но, Џуд Бруер, психијатар и невролог, вели дека е потребен поинаков став за побрзо и подобро прифаќање на нови навики. Без разлика дали станува збор за дневна консумација на чај, вежбање, додатоци за пиење или целосна промена во дневната рутина, луѓето ја сакаат самата идеја за таа нова навика. Но, кога станува збор за нејзино спроведување и желба, многу луѓе едноставно не се упорни.

Како да се усвојат и сакаат нови навики?

За да може една нова навика да стане дел од рутината, Бруер вели дека е потребно да се сеќаваме на „зошто“, причините кои стојат зад таа навика на секојдневна основа. Ако сакате да пишувате или да медитирате секојдневно, сигурно сакате помирен живот и контрола над емоциите и мислите. Ако сакате да тренирате, вашата цел и мотив се вашето физичко здравје. Бруер нагласува дека оваа цел често станува незначителна за луѓето, и во тие моменти, вели, треба да станеме свесни за чувството што ја создава оваа нова навика во нас. Ако се потсетуваме секој ден пред, после и за време на нова активност колку тоа нè прави посреќна личност, ќе биде полесно да го сториме тоа, вели Бруер. Затоа, ако започнете создавање нова навика, не размислувајте само за целта, уживајте во процесот и постојано потсетувајте се колку добро се чувствувате додека ја извршувате таа нова активност.

Прочитајте и: Се чувствувате понапнато од вообичаено? Еве зошто се случува тоа и како да го поправите

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.