Мотивациски цитати од легендата на НБА лигата: „Тука сум за да бидам најдобар – секогаш!“

Неговото влијание е огромно

„Ако се плашиш од неуспех, најверојатно и ќе го доживееш“

Коби Брајант е најдобриот стрелец во историјата на Лејкерс. Легендарниот кошаркар која зад себе оставил голема трага не само со работата, трудот и успехот, туку и со бројните цитати. Велат дека легендите живеат вечно, а неговите зборови го мотивираат секого.

Пренесуваме дел од нив…

1. „Ако се плашиш од неуспех, најверојатно и ќе го доживееш.“

2. „Најважното нешто е да ги известиш сите околу себе дека си тука и дека си сериозен. Јас не сум играч кој ќе се појави и ќе си замине. Не сум играч кој ќе влезе во најдобриот тим еднаш или два пати. Тука сум за да бидам најдобар, секогаш. Еднаш си ветив дека ќе станам еден од најдобрите. Тогаш играта ми стана се’.“

3. „Она што луѓето го гледаат на теренот, не сум јас, туку другата страна од мене.“

4. „Најважно е да се обидете да ги инспирирате луѓето да бидат најдобри во она што го прават.“

5. „Се сомневам во себе. Имам несигурности. Има вечери кога ќе дојдам во арената и ќе си помислам: ‘Ме боли грбот, колената ме болат, стапалата ме болат и не можам да продолжам, би сакал само да одморам малку’. Сите ние се сомневаме во себе, тоа е неоспорно. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да им се предадеме на тие сомнежи. Треба да ги прифатиме.“

6. „Не можам да се поврзам со мрзливи луѓе. Не зборуваме на истиот јазик. Не ги разбирам, ниту сакам да ги разберам.“

7. „Се концентрирам на една и единствена работа, а тоа е да освојам најмногу првенства што можам.“

8. „Не сакам да бидам следниот Мајкл Џордан, јас сакам да бидам исклучиво Коби Брајант.“

9. „Моите родители се мојата карпа. Тие се единствената група што ќе ме поддржува еднакво ако освојам 0 бода и ако освојам 40.“

10. „Повеќе сакам да ме сметаат за победник одошто за добар тимски играч. Би сакал тие две работи да одеа заедно, но тоа едноставно не е реално. Немам ништо заедничко со мрзливите луѓе што ги обвинуваат другите за својот неуспех.“

11. „Едно нешто што мора да го знаете за мене е дека немам филтер кога се мислењата во прашање. Навистина немам проблем да го кажам точно тоа што го мислам за некој човек.“

12. „Ќе направам се’ што е потребно за да победиме на натпревар, без разлика дали тоа подразбира седење на клупа додека мавтам со пешкирот, додавање чаша вода на моите соиграчи или давање победнички кош.“

13. „Сите негативни работи – притисокот, предизвиците – сите тие се можности за да се истакнам.“

14. „Јас сум тука, јас не одам никаде. Без оглед на тежината на повредата, освен ако не е потполно онеспособувачка. Ќе бидам истиот играч каков што отсекогаш сум бил. Ќе најдам начин да го направам тоа. Ќе направам некои поправки, некои промени, но јас и понатаму доаѓам.“

15. „Исклучително сум волен да победам и со задоволство прифаќам предизвици. Добивање бодови за титули и слично… можеби звучи лошо, иако не ме интересира како звучи, но тоа мене ми оди од рака. Не ми претставува предизвик да освојам доволно бодови за титула, бидејќи знам дека можам.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.