„Мислам дека најголемата болест на денешницата е чувството дека не сме сакани“: Мудри зборови на принцезата Дајана!

Прерано нè напушти

Принцезата Дајана трагично загина во 1997 година

Велшката принцеза Дајана, најпозната како Леди Ди, беше една од најпопуларните членки на кралското семејство во историјата на Велика Британија.

Британците, но и остатокот од светот, ѝ се воодушевуваа поради слободниот дух и големата љубов кон хуманитарните активности. Зрачеше со едноставност, но и елеганција, каква што ретко се среќава во кралскиот двор.

Иако во 1996 година се разведе од Чарлс и ги изгуби сите титули, Дајана остана принцеза на народот. Причината зошто ја сакаа ширум светот лежи во нејзината едноставна мудрост од која и денес можеме да научиме нешто или барем да се присетиме на важните работи во животот.

Ова се најпознатите изјави на Дајана:

1. „Семејството е најважното нешто на светот.“

2. „Направи нешто добро и не очекувај награда за тоа, туку надевај се на тоа дека некогаш некој ќе направи нешто слично за тебе.“

3. „Прегратките можат да донесат многу добри работи, особено за децата.“

4. „Мислам дека најголемата болест на денешницата е чувството дека не сме сакани.“

5. „Не играм според правилата. Срцето ме води низ животот, а не главата.“

6. „Сакам да бидам слободен дух. Некому не му се допаѓа тоа, но јас сум таква.“

7. „Кога си среќен, можеш да простиш многу работи.“

8. „Животот е само едно патување.“

9. „Најголемиот проблем во светот е нетолеранцијата.“

10. „Да се биде принцеза не е тоа што сите мислат дека е.“

Последните зборови на принцезата Дајана пред да настапи смртта
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.