Марамата на Мерилин Монро го спаси парискиот театар од пропаст

Избегнале банкрот

Сопственикот на театарот ја продаде марамата на Мерилин Монро за 300 илјади евра!

Италијанскиот театар за комедија во Париз избегна банкрот благодарение на продажбата на свилена марама на Мерилин Монро за 300 илјади евра.

Познато е дека Монро ја остави оваа свилена марама во тоалетот на хотелот „Валдорф Асторија“ во Њујорк две години пред нејзината смрт. После тоа, марамата му припадна на уметникот Енди Ворхол, а потоа и на сопственикот на галеријата Лео Кастели, кој ја предаде марамата на креаторот и режисер на La Comédie-Italienne, Атилио Маџили, на чија сцена поставија исклучиво италијански автори, класични и современи.

Марамата одамна е прикажана во лобито на театарот како маскота. Пандемијата на коронавирусот ги разниша финансиите на театарот. Со продажба на марамата на аукција, сопственикот можеше да ги плати долговите и да го избегне стечајот на единствениот париски театар што покажува изведи на комедија дел арте.

Прочитајте и: Парижаните ќе гледаат филмови на бродови што пловат по Сена

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.