Мал водич низ реалноста: Верица Ракочевиќ (73) го покажала лицето со Фотошоп и во природно издание без филтер!

Кое издание повеќе ви се допаѓа?

Фото: Мирко Табашевиќ

Модната креаторка не се плаши да го покаже својот живот без задршки, поради што дамите особено ја сакаат

Познатата модна креаторка Верица Ракочевиќ често добива многу комплименти кога станува збор за нејзиниот изглед во осмата деценија, а модните колекции што ѝ ги презентира на публиката можеме да ги видиме на дамите ширум светот, што докажува дека со текот на годините таа е сè помотивирана и поинспиративна.

Верица е позната по јасниот став што го пласира преку социјалните мрежи, а во оваа пригода споделила три фотографии кои покажуваат како изгледа нејзиното лице со Фотошоп, а како во природно издание.

„Мал водич низ реалноста. Прва слика: колку би било прекрасно кога би изгледала вака на 73 години. Да не се лажеме, не би ми пречело што не се гледаат трагите од животот. Втора слика: малку дотерана реалност со минимална шминка. Трета слика: тоа сум јас, без филтери со светлина што ми оди во корист. Поентата на оваа приказна е: не сум од оние жени што ги сакаат своите брчки, но не ја сакам ни разубавената реалност, можеби малку, но не во таа мера за да ‘ме фати жал за младоста’. Овие години никогаш не би ги менувала за 20-те – полни со несигурности и комплекси, би ги менувала за 50-те ако е возможно поради многуте работи што ги направив погрешно, а би имало смисла да ги поправам. Но, драги мои, секој миг во животот е онолку драгоцен колку што знаеме да го направиме таков“, објаснила Ракочевиќ што сакала да покаже со оваа објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Verica Rakocevic (@verica.rakocevic)


Публиката ѝ порачала дека на последните две фотографии изгледа еднакво добро, а дека природноста е показател на чиста душа и самопочит.

Разговор за негата со Верица Ракочевиќ: Ова се нејзините тајни на младешкиот изглед
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.