Лето, сонце, меланом… Заштитете се навреме!

Вариетет на рак на кожата – меланом може да се појави во која било старосна доба. Се развива ненадејно и нагло, брзо метастазира, не давајќи му на човекот никаква шанса. Единствениот начин да го направите безопасен е што побрзо да посетите лекар и да го лекувате. Но за тоа е потребно добро да го познавате овој непријател…

ВО РИЗИЧНА ГРУПА СЕ:

  • луѓето со светла кожа, црвена коса, сини, сиви или зелени очи;
  • оние што често добиваат изгореници од долго сончање;
  • луѓето што имале изгореници од сонце и долго престојувале на сонце (особено до 20-та година);
  • оние со наследна склоност на меланом или други видови рак на кожата;
  • луѓето што имаат повеќе од 100 бенки на телото или повеќе од 50 до 20-та година;
  • оние што имаат меланоза Дубреја (претканцерогено заболување на кожата).

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ СИМПТОМИ:

  • неправилен облик на бенките;
  • нејасен и здебелен раб на бенката;
  • нехомогена боја на бенката: постојат светли, темни и црни нијанси;
  • пречник на неоплазмата поголем од 5 мм;
  • извишување поголемо од еден милиметар над кожата;
  • бенката се појавила спонтано по 35-та или 40-та година.

ИТНО НА ЛЕКАР АКО:

  • пигментацијата нагло се шири;
  • бенката се воспали;
  • болното место се навлажнува;
  • се појавиле крвавење, јадеж и пецкање.

Ултравиолетовото зрачење е главен предизвикувач на меланом. Не сончајте се и не одете во солариум доколку имате многу бенки на телото. Запаметете дека ракот се лекува само во првите стадиуми!

Во половина од случаите меланомот се развива надворешно на здрава кожа – на местото на вродени или стекнати пигментни невуси (бенки) и меланоза (пребоеност на кожата).

БЕНКИ ПЛУС ХОРМОНИ

Дијагнозата за меланомот често се поставува по случајна или намерна (исекување, горење) траума на пигментен невус на кожата (бенка).

Бенката може да се повреди и незабележливо, на пример со јаката на кошулата, брусхалтерот, ременот…

На триење особено се изложени неоплазмите на стапалата, дланките и перинеумот (околу вагиналниот отвор и анусот). Подобро е од таквите бенки да се ослободите – се разбира, оперативно.

На дегенерација на бенките во меланом влијаат и хормоните. Периоди што се ризични во таа смисла се пубертетот, бременоста и менопаузата.

ФАКТ

Меланомот може да се развие на кој било дел на кожата, но најчесто го избира пределот на потколениците и стапалата кај жените, грбот кај мажите и лицето кај постарите луѓе (особено зад ушите). На секот шест до осум години бројот на заболените од меланом во светот двократно се зголемува.

Текст: Алексеј Барановски, онколог

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.