Криси Тиген ги вади силиконите: „Градите се глупава вреќа со сало!“
Ги збуни обожавателите
Згодната манекенка Криси Тиген на својот инстаграм-профил објави дека, по 14 години, одлучила да ги извади силикони од градите.
Здраво на сите, се тестирав на ковид-19 бидејќи наскоро одам на операција. Многумина ги интересира зошто ќе се оперирам, па веднаш ќе ви откријам – ги вадам силиконите од градите. Одлично ме служеа со години, но ги надминав. Сакам повторно да влезам во фустаните со моја големина, да спијам на стомак со уживање. Нема веќе големи гради! Така што, не грижете се за мене, се’ е во ред, ќе остане само салото. Глупавата, но чудесна вреќа со сало“, заклучи манекенката.
Фото: Инстаграм