Креирајте работно место #backfriendly

Заштитете ги грбот, очите, зглобовите...

Сите ние чија работа подразбира повеќечасовно седење многу добро знаеме како влијае врз нашиот ‘рбет. Што да преземеме?

За да не го виткаме грбот, висината на масата и на столчето треба да бидат приспособени така што лактите да можеме да ги спуштиме на масата под агол од 90 степени.

Исто така, и нозете треба да ни бидат поставени на подот под агол од 90 степени. Ова е важно за нормална циркулација низ долниот дел на ‘рбетот и во екстремитетите. Столчето мора да биде приспособливо и не заборавајте да станувате и да шетате секој половина час.

Горниот дел на мониторот треба да биде 5-6 см над нивото на очите. Тест? Отворете ја почетната страница на пребарувачот Гугл и доколку логото е во висина на вашите очи – тоа е тоа!

Важна е и тастатурата. Погрижете се да биде ергономска. Во спротивно ви се заканува појава на карпален синдром.

На работната маса мора да имате и ламба, која добро ќе осветлува кога работите со документи. Сместете ја подалеку од мониторот за да не прави рефлексија на екранот.

Текст: Ѓурѓа Станишева

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.