Коронавирусот не е пречка: Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи според вообичаениот распоред

Септемврискиот филмски фестивал во Венеција ветува дека ќе биде многу богат со имиња на славни личности.

Среде бескрајни откажувања и презакажување на големи културни настани – од Канскиот филмски фестивал до Оскарите во февруари, веста дека најстариот светски филмски фестивал ќе се одржи како што беше планирано, изгледа како здив на свеж воздух.

Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 2 до 12 септември во „експериментален“ формат. Гувернерот не објасни точно кои аспекти ќе бидат презентирани експериментално, меѓутоа, беше речено дека нема да има виртуелни премиери, но бројот на проекциите ќе се намали – не сите продуценти на филмови успеаја да го подготват материјалот навреме заради изолација.

Распоредот на Архитектурското биенале во Венеција, кое традиционално се одржува за време на фестивалот, се промени. Поради коронавирусот, тие решија да го одложат овој настан за една година.

Прочитајте и: Виртуелен филмски фестивал ги спојува Кан, Венеција, Берлин…

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.