Користете различна мотивациска картичка… еве зошто!

Ве инспирираме

Фото: Pexels

Мотивациските пораки што ќе ви помогнат да ги надминете тешките мигови секогаш треба да ги имате при рака. Или во вашиот паметен телефон или во компјутерот. Некои сметаат дека е најдобро да ви бидат отпечатени и пластифицирани и да ги чувате во паричникот. Како платежни картички.

Затоа што парите не се најважната валута, туку мирот, задоволството и благодарноста за она што ни го дава животот.

Ви предлагаме во текот на секоја идна недела да користите различна мотивациска картичка, која би била илустрација на животната филозофија што сакате да ја усвоите или да ја унапредите. Еве неколку предлози:

1 Не брзајте, не плашете се. Тука сте во кратка посета. Настојувајте да застанете и да го помирисате цвеќето. (Волтер Хаген)

2 Не е чудо да се лета низ воздухот или да се чекори по водата, чудо е да се чекори по земјата. (Кинеска поговорка)

3 Животот е како покривка, премногу краток. Повлечете го нагоре и ќе ги откриете прстите на нозете, повлечете го надолу и ќе ви мрзнат рамениците, но ведрите луѓе успеваат да ги соберат колената и да поминат мошне пријатна ноќ. (Марион Хауард)

4 Кога ќе престанеме да се стремиме, животот нè чека како подарок. (Сол Белоу)

5 Биди задоволен со она што го имаш, уживај во нештата какви што се. Кога ќе сфатиш дека не ти недостига нешто, целиот свет е твој. (Лао Це)

6 Живеј како жиците на фин инструмент – ни премногу напнат, ни премногу опуштен. (Буда)

7 Светот не треба да се доведува во ред, светот е ред. Наше е да се доведеме во согласност со тој ред. (Хенри Милер)

8 Носете ги грижите како лежерно парче облека. (Непознат автор)

9 Постои само еден пат до среќата, а тоа е да престанеме да се грижиме за нештата што не се во наша моќ. (Епиктет)

10 Ништо не ѝ дава на една личност предност во однос на друга како сталоженоста и смиреноста во какви било околности. (Томас Џеферсон)

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pexels

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.