Колку долго ќе живееме? Ново истражување ни го дава одговорот!

ФОТО: Shutterstock

Секој од нас се прашува колку долго ќе живее. И сега, конечно, го имаме одговорот на ова прашање.

Кога размислуваме за староста, ја пресметуваме врз основа на возраста. Но, тоа не значи дека сите стареат на ист начин. Други системи, како што е метаболичката возраст, се обидуваат да ја одредат возраста на индивидуата врз основа на индивидуални податоци. Во овој случај, тоа е основната стапка на метаболизам.

Неодамнешна студија на Универзитетот Стенфорд објави алтернативен начин за утврдување на староста заснована на имунолошкиот систем.

– Секоја година, календарот ни кажува дека сме една година постари. Но, човечките суштества не стареат биолошки во исто време, се наведува во студијата. Сè зависи од имунолошките промени на поединецот, односно од имунолошкиот часовник.

Што е имунолошки часовник?

За да одговориме на ова прашање, прво мора да ја решиме врската помеѓу воспалението и имунолошкиот одговор. Иако воспалителните процеси звучат како лоша работа, нормалното (акутно, не хронично) воспаление е всушност важен механизам што го користат нашите клетки за време на здрав имунолошки одговор. И механизмите што го контролираат воспалението се клучен дел за одредување колку сме стари.

Колку долго всушност ќе живееме?

Терминот „имунолошки часовник“ (iAge) беше измислен за време на оваа студија. Во студијата учествуваа над илјада луѓе од сите возрасти (најмладиот беше 8, а најстариот 96). Со истражување на нивото на цитокин (медијатори кои ја регулираат функцијата на клетките за време на борбата против воспалението), беше заклучено дека тие се најдобриот начин да се утврди воспалителната возраст.

Силниот имунитет е клучот за долговечноста. За да се одржи имунолошкиот систем силен, потребно е да се следат четирите најважни правила: доволно спиење, физичка активност, регулирање на нивото на стрес и хигиена. Покрај тоа, се разбира, постои и урамнотежена исхрана, особено богата со витамини и минерали (витамин Ц, Д, Е, како и цинк, магнезиум и железо).

Прочитајте и: Животни кризи: Одете им во пресрет на промените!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.