Кога зрачите со светлина, им пречите на оние што живеат во мрак: Еве зошто не се простуваат успехот и среќата денес!

Животна вистина

Еве зошто во денешно време не се простуваат среќата и успехот!

Никој не ви завидува на способностите, туку на успесите. Додека работите ве сметаат за луди, а кога ќе постигнете нешто – за среќни.

Тешко се простува успехот, честопати се омаловажува, а понекогаш и игнорира. Сепак, успехот најчесто е осуден на негативни коментари од околината, која сака да го направи минорен или да го прогласи за продукт на среќни животни околности.

Почесто ќе чуете како луѓето фалат непознати луѓе отколку блиски личности, на чиј успех биле сведоци. Полесно им е да и’ дадат комплимент на личност што не ја познаваат. Тешко им е да пофалат некого, бидејќи така се чувствуваат помалку вредни.

Фрлаат дрва и камења по нешто што некој со години го градел, под изговор дека се работи за чиста среќа.

Таквите најчесто напаѓаат без издржани аргументи, вооружени со отров и цинични зборови. Вакви коментари ќе чуете исклучиво од луѓе кои не се задоволни од сопствениот живот, луѓе кои не се во состојба да преземат нешто за себе, туку само седат и го критикуваат светот околу нив.

Луѓето што се незадоволни од сопствениот живот стануваат огорчени. Негативното коментирање на туѓиот живот им помага барем накратко да си ги тргнат мислите од сопственото незадоволство.

Успехот уште долго ќе се пречекува со нож, бидејќи на некои луѓе во природата им е во се’ да бараат маани. Ваше е да не им обрнувате внимание на таквите коментари. Секој го гради својот пат и го живее животот што си го создал за себе.

Можеби многумина би требало да сфатат дека незадоволството не се лечи со омаловажување на туѓите постигнувања, туку со упорна работа на себе.

Сите несреќни луѓе на овој свет имаат една заедничка особина: Тркалото на среќата може да се сврти!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.