Кога почнува Божиќниот пост и што треба да знаете: Правила, датуми и духовната смисла пред најрадосниот ден во годината

Во овој период, верниците постат, се молат, се помируваат со другите и се трудат да ги прочистат и душата и телото, за во мир и радост да ги дочекаат Бадник и Божиќ.

Божиќниот пост во 2025 година почнува на 28 ноември и трае до 6 јануари, претставувајќи една од најубавите и најзначајните духовни подготовки за празникот на Христовото раѓање.

Духовниот смисол на Божиќниот пост

Божиќниот пост не е само воздржување од одредена храна – тоа е време на промена, внатрешен мир и преиспитување.

  • Постот учи на скромност, благодарност и сочувство.

  • Се верува дека оној кој со искрена вера пости, полесно ја наоѓа силата да простува, да се смири и да донесува добри одлуки.

Светителите често потсетуваат дека пост без молитва и добри дела не е вистински пост, туку само диета. Затоа во овој период се препорачуваат и исповед, помирување со ближните и помагање на оние кои имаат потреба.

Кога почнува и колку трае

Божиќниот пост почнува на 28 ноември и трае до 6 јануари, вкупно 40 дена. Поради должината и значењето, овој пост се нарекува и Четрдесетница и е втор по важност веднаш по Велигденскиот пост.

Што се јаде за време на Божиќниот пост

  • Вериците се воздржуваат од месо, млечни производи и јајца.

  • Риба, вино и масло се дозволени во одредени денови – најчесто во викендите и празниците кои паѓаат во текот на постот (на пример, Николден – 19 декември).

  • Петовите се постат построго, без масло, а во сабота и недела постот е полесоет.

Се препорачува исхрана богата со зеленчук, овошје, житарки, мешунки и ореви, како и едноставни посни јадења.

Како духовно да се подготвите

Божиќниот пост е време кога верниците треба да се посветат на себе, своето семејство и на заедницата.

  • Молитви, присуство на литургија, читање духовна литература и правење добри дела се само дел од начините на кои се духовно подготвуваме за празникот.

  • Црквата учи дека постот не се мери само со она што го внесуваме во телото, туку и со она што од него излегува – зборови, мисли и дела.

Зошто постот е важен пред Божиќ

Постот пред Божиќ симболизира патување на душата кон светлината, подготвеност нешто ново да се роди – чисто, благородно и полно со љубов.

Верниците веруваат дека преку постот телото се ослободува од вишокот, а душата од немир и негативни емоции, подготвувајќи се да го дочекаат најрадосниот ден во годината – денот на Христовото раѓање.

Божиќниот пост не е товар, туку подарок – време да застанеме, да заблагодариме и да најдеме мир во себе и во оние кои ги сакаме.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе