Каранфилот е симбол на Денот на жената: Секоја боја има свое значење, а еве зошто никогаш не треба да се подарува виолетов!

Среќен 8-ми март!

Каранфилот е и цвет на луѓето родени во јануари, а формалниот негов назив е dianthus што на грчки значи небесен цвет

Црвените каранфили сигурно се најпознатиот симбол на Денот на жената. Овој цвет има историја подолга од 2.000 години со себе носи многу значења.

Боите на каранфилот

Црвениот каранфил претставува симбол на работничкото движење и често може да се види за време на демонстрации на празникот на трудот. Со оглед на тоа што е симбол на работниците, претприемачите им го подарувале на своите работнички за Меѓународниот ден на жената.

Каранфилот во светлоцрвена боја означува восхит, а темноцрвената значи длабока љубов и наклонетост.

Белиот каранфил е симбол на среќата и љубовта, а виолетовиот на каприциозноста. Во Франција, виолетов каранфил се носи кога се искажува сочувство.

Според христијанската легенда, каранфилот се појавил кога Исус Христос првпат го носел крстот. Додека Богородица плачела поради неговите страдања, се појавиле каранфили, па така розовиот каранфил станал симбол на мајчинската љубов.

Каранфилот е и цвет на луѓето родени во јануари, а формалниот негов назив е dianthus што на грчки значи небесен цвет.

Потекло на обичајот

Врската помеѓу каранфилите и Денот мајките настанала во САД во 1907 година, кога Ана Џарвис, жената што го востановила овој ден, го одбрала белиот каранфил за негов симбол, бидејќи тој бил омилениот цвет на нејзината мајка.

Одржување на каранфили

Каранфилот е билка за која се претпоставува дека води потекло од медитеранското подрачје, а зеленото стебленце расте и до 80 сантиметри. Каранфилите бараат прозрачна почна која е неутрална или малку кисела и многу сонце.

Оригиналната боја на овој цвет е светлорозова, но се развиле и други сорти, меѓу кои црвена, бела, жолта и зелена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.