Како пештерските жени… Да ѝ се вратиме на својата природа!

Фото: freestocks.org

Хроничен умор и безволност се последици на современиот стил на живот. Единствен начин да ги победиме е да ѝ се вратиме на својата природа

Прифатете ја природната промена на расположението

Мислите дека пештерските жени немале лоши денови? Се разбира дека имале. Сосема е нормално да се доживеат емотивни подеми и падови. Во поголемиот број случаи, тоа е условено од флуктуацијата на хормоните. Освен тоа, жените се природно чувствителни и емпатични – квалитети што ни помогнале да станеме одлични „негувателки“, но и често длабоко да ги доживуваме туѓите неволји.

Меѓутоа, во денешното општество доста се форсираат ведро расположение, продуктивност и среќа, заради што ги игнорираме најдлабоките слоеви на нашето битие само за да бидеме во чекор со пријателите, партнерот или со колегите. Тоа е сосема погрешно. Секое чувство, па и негативното, треба да се „доживее“ за да се ослободиме од него.

Значи, ако лекарот ви препорачува антидепресиви, пијте ги! Исто така, не ја прекинувајте терапијата без да се консултирате со вашиот психијатар. Но и психотерапијата се покажа ефикасна колку е лековите за третман на слаба и на умерена депресија.

Промените во начинот на живот, вклучувајќи ја и исхраната, исто така можат да помогнат. Јадете повеќе зеленчук и овошје, спијте подолго и правете кардио-вежби неколку пати неделно – и расположението ќе ви се подобри.

6 Поврзете се со другите – лице в лице

На повеќето примати им е вродено да се социјални суштества, што значи дека се поврзуваат во двојки и во групи. Таа потреба може да ја објасни преголемата популарност на Фејсбук и на Твитер. Од друга страна пак, таквиот облик на комуникација предизвикува големо отуѓување. Зошто?

Затоа што со користењето на овие сервиси сè помалку време поминуваме во друштво на луѓето што ни значат. Нашата виртуелна реалност е лишена од основните елементи на поврзување – допири, контакт со очи и продукција феромони.

Истражувањата покажуваат дека овие хемиски материи, кои ги создава нашиот организам, помагаат во комуникацијата со луѓето по пат на мирисите. Затоа не треба да изненадува што научниците масовното користење на социјалните мрежи го поврзуваат со честа појава на депресија кај луѓето. Затоа, шетајте со своите блиски во природа.

7 Спијте доволно

На жените од праисториската доба им бил потребен сон од истите причини од кои ни е потребен и нам денес: за обновување на енергијата. Квалитетен ноќен сон е неопходен да се преживее во 21 век. Меѓутоа, многу жени не спијат доволно, а потоа тој недостиг го компензираат со лекови, слатки и со кофеин.

Таа навика остава последици врз здравјето. Недостиг на сон обично предизвикува нервоза, тромавост, тешкотии во концентрацијата, ги нарушува когнитивните способности, предизвикува дебелеење и дијабетес. Значи, за мирен сон е најдобро да се избегнуваат кофеински напивки во попладневните часови, како и гледање ТВ или користење компјутер барем еден час пред легнување.

Гледањето во екран може да предизвика нарушување на природното лачење мелатонин – хормон кој е од клучно значење за регулирање на сонот и на будната состојба. Наместо тоа, читајте книга.

8 Одморајте се

Недостигот од сон не е единствен проблем на модерната жена. Многуте обврски и неможноста да се застане за миг и да се вдише свеж воздух исто така е главно обележје на животот на многу жени. Во таа брзаница ни недостига време за „полнење на батериите“, односно за разговор и за дружење, или за едноставно седење во тишина и „празнење“ на главата. Секој ден одвојте барем 15 мин. за себе, излезете надвор, прошетајте или медитирајте…

 9 Забавувајте се како пештерските жени

За жал, денес немаме многу време за одмор, па жените, со цел да се опуштат и да се ослободат од стрес, развиваат нездрави навики. Најчесто тоа е прекумерно консумирање алкохол. Иако чаша и пол вино, неколку пати во неделата, е корисна за здравјето, но сè повеќе од тоа може да го оштети мозокот и клетките на црниот дроб, да ги наруши нормалниот сон и здравите навики во исхраната.

Во некои древни култури, сменетата состојба на свеста поттикнувало собири и заедничко учество во ритуали. Овие луѓе големо внимание им посветувале на духовноста и на симболичното значење. Модерниот човек би требало да го прифати таквиот пристап, наместо што употребува разни материи за „амортизација“ на чувствата и за бегство од реалноста. Значи, наместо да се среќавате со пријателите и да пиете една пијачка по друга, усвојте некој здрав ритуал – на пример, танцувајте!

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.