Како да се грижите за себе кога сите бродови ви тонат: 9 чекори до поквалитетен живот!

Ова е патот до мирот

Имајте на ум дека грижата за себе е вашето најмоќно оружје

Во денешно време, кога постојано сме изложени на стрес и кога се соочуваме со бројни тешкотии, од исклучителна важност е грижата за себе. Издвојувањето време за грижа за себе не значи дека сте себични, туку тоа служи како потсетник колку сте навистина важни. Предуслов е грижата за себе, како во физичка така и во психичка смисла.

„Кога ќе научите да се грижите за себе, ќе се чувствувате многу подобро“, објаснува семејната и брачна терапевтка Лиана Авила.

Прочитајте ги нејзините совети за поквалитетен живот…

Спијте доволно

Навистина ви треба пријатен вечерен одмор. На тој начин ќе го закрепнете вашето тело и умот и ќе го победите уморот.

Разговарајте

Јавете им се на пријателите или на членови од семејството, па разговарајте за вашите чувства. Послушајте што ќе ви кажат тие.

Побарајте слободен ден

Доколку сте во можност, побарајте слободен ден од работа. И обидете се да се исклучите, односно да одморите од телефонот и лаптопот, за да не почнете пак да работите нешто.

Престанете да велите „да“ кога мислите „не“

Тоа ќе ви ја олесни грижата за себе. Знајте кога треба да кажете „не“ на дополнителните работни обврски.

Повторно прочитајте ја вашата омилена книга од детството

Потсетете се на добрите стари времиња од детството. Насочете ги мислите кон убавите мигови.

Побарајте помош

Кога сте изложени на стрес поради преголемите обврски што ве чекаат, не плашете се да побарате помош од вашиот шеф, сопруг, колеги или пријатели. Имајте на ум дека тоа што барате помош не значи дека сте слаби.

Дишете полека

Застанете и вдишете длабоко неколку пати. Вдишувајте полека додека изброите до четири, па издишувајте додека изброите до шест.

Прошетајте

Покренете се, излезете на воздух и прошетајте. Одморете се од вештачката светлина и од секојдневното седење на компјутер.

Пијте многу течности

Водата е најважната супстанција на светот и неопходна е за нормално функционирање и здравје на човекот.

5 совети што треба да ги прифатите: Научете да се исклучувате по работното време!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.