Кај психолог: Како да ја вратите изиграната доверба?

На прашањата на читателите одговара психологот Олег Сергеевич Дорофеев

Довербата е нешто прекрасно, но е еднакво битна и процената кому ќе му ја укажете таа доверба. Измамници има секогаш, а пензионерите им се најчеста цел

Ми се ближи пензија и сакав дополнително да заработам малку пари додека не се пензионирам. Не знам како тие луѓе го дознале мојот телефонски број, но еднаш ме побараа и ми го понудија токму тоа – дополнително да заработувам кога и да ми одговара мене. Се договоривме наскоро да ме побара работодавецот.

Ме побараа во сабота (обично се активираат за викенди и празници). Брзо, искусно и лесно ме обработија. Ме префрлаа од еден менаџер на друг. Побараа од мене преку Скајп да го споделам екранот од компјутерот и ми дадоа инструкции како да се регистрирам на брокерскиот сајт.

Додека се обидував да сфатам како функционира сето тоа, ми симнале пари од сметката, а потоа, за да направат „враќање ма парите“ –  побараа повторно да го префрлам тој износ. На крајот загубив поголем дел од заштеденото. Продолжија да ми се јавуваат, со надеж мојата сметка да ја сведат на нула. Не треба ни да спомнувам дека не ми помогна ни тоа што ги известив полицијата и банката.

Знам дека лично јас сум виновен, но ме потресе тоа беззаконие во случај на измама. Никој не се потруди да го истражи злосторството ниту да ја следи ИП-адресата на престапникот. Кажете ми, како да не бидам лековерен, бидејќи можно е повторно да сретнам такви измамници.

Зоран (59)

Постојат едноставни но ефикасни начини за борба против измамниците.

Работи од кои треба да се чувате

* Измамникот ги следи вашите реакции и ви се приспособува. Во текот на аудиоконтакт ја следи бојата на гласот, а при визуелен карактеристиките на движењата, изразот на лицето, ритамот на дишењето.

* Обрнете внимание на техниките како што се повторување клучни зборови, изговарање комплименти, користење необични говорни движења, тривијалности, звања или испраќање пораки со нападна содржина. Говорот се изведува брзо, во еден здив, се нагласуваат предностите, имагинарно интересирање.

* Измамниците се фокусираат на основните вредности – децата, семејството, здравјето, староста, благосостојбата, успехот.

* Следете ги своите емоции. Целта на измамниците е емоционално да ве расположат.

* Услужност, помирливост, подготвеност на компромис и исполнување на секоја ваша желба – сето тоа се прави за да се создаде илузија за доверба во односот и да се намали внимателноста.

Методи на заштита

* Доколку видите непознат број, немојте брзо да одговарате. Слушајте ја тишината, а потоа изговорете одреден извик. Ако слушнете пријатен глас од повикувачкиот центар, само прекинете ја врската. По правило, повеќе нема да се јават.

* Не прифаќајте ги понудите за користење на услугите што ви ги нудат преку телефон.

* Чувајте се од премногу примамливи понуди.

* Научете нешто од лошото искуство. Станете помудар и придржувајте се до правилото да не прифаќате никакви „профитабилни“ понуди од странци.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време