Кафе што секое утро нѐ расонува и нѐ подготвува за предизвиците што ги носи денот

Еве како да го приготвите

Утриското кафе или Türk kahvesi е верен придружник кој секое утро нѐ расонува и нѐ подготвува за предизвиците што ги носи денот.

Неизбежно е да го приготвите кога ќе ви дојдат госи. Со локум, некое крцкаво колаче или само со две три коцки шеќер, турското кафе е препознатливо насекаде низ светот по неговата силна арома, густиот кајмак на врвот од шолјата и неверојатниот вкус кој никогаш не може да се заборави.

Ако одите во Турција и сакате да нарачате турко кафе по ваш вкус, еве како да го направите тоа на турски јазик:
  • Türk kahvesi Sade – Горко турско кафе
  • Türk kahvesi Orta – Турско кафе со малку шеќер
  • Türk kahvesi Sekerli – Многу благо турско кафе

Сите го правиме турското кафе на различен начин. Некои чекаат водата да зоврие, па потоа го ставаат кафето, а некои пак го ставаат кафето пред да зоврие водата.

За да направите оригинално турско кафе, важно е да се знаат две работи. Прво, турско кафе се прави со деликатно смелени зрна кафе (пофино сомелени од еспресо) и варењето на кафето е најважниот момент од целиот процес на правење на кафе

Еве како да направите оригинално турско кафе, до толку оригинално што ќе се чувствувате дека се наоѓате во ориентален кафе-бар во некој дел од Турција:

Како да направите оригинално турско кафе

1. Купете квалитетно, одлично смелено и добро испечено турско кафе Арабика (ако имате направа за мелење кафе, подобро би било сами да ги смелете зрната кафе).

2. Земете бакарно ѓезве или на турски cezve и наполнете го со вода, која претходно сте ја измериле во шолјата во која ќе го пиете кафето.

3. Во водата ставете две лажички кафе и шеќер, ако го пиете благо кафето. Мешајте додека сѐ се соедини.

4. Ѓезвето ставете го на рингла со средна топлина. Ова е моментот кога целото внимание треба да го насочите кон ѓезвето со кафе. Во ниеден момент не мешајте со лажичка.

5. Кога кафето ќе почне да врие, ќе забележите како пената избива на површина. Тогаш, тргнете го ѓезвето од ринглата и почекајте да спласне пената. Потоа, повторно ставете го ѓезвето на ринглата и почекајте пак да избие пената.

6. Во шолјата за кафе, ставете малку од кафето и пак ставете го на ринглата додека повторно не избие пената и така повторувајте три пати додека не го истурите целото кафе во шолјата.

 

Турското кафе се служи жешко, во мала шолја за кафе и чаша ладна вода. Прво се пие една голтка вода па потоа се пие голтка од кафето. Водата всушност помага да се неутрализира вкусот во вашата уста за секој пат кога ќе пробате голтка од кафето да го почувствувате неговиот вистински вкус.

Вистинска умешност е да се знае кога точно треба да се престане со пиење на кафето, за да не се случи да голтнете малку од кашестиот остаток, кој паѓа на дното на шолјата. Кога ќе дојдете до тој дел, кој секако не се пие, не го фрлајте.

Еве како да го искористите талогот од вашето испиено турско кафе. А пред да го искористите, превртете ја шолјата, почекајте да се исуши и со пријателите толкувајте ги фигурите исцртани на дното.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.