Каде е денес отфрленото момче од Нигерија кое го растажи светот? (ФОТО)

Пред три години, Данката Ања Рингрен Ловен, која се занимава со хуманитарна работа, го спаси малото момченце Хоуп од Нигерија, обвинето за вештерство, кое родителите го оставиле на улица да умре од глад и жед.

Измаченото дететнце преживеало хранејќи се со отпадоци од храна и со ѓубре што ги наоѓало на улица. Ања кажа дека момчето било во страшна состојба, неговиот стомак бил полн со црви и паразити и одвај стоело на нозе.

Кога го нашла, му дала да јаде и да пие, го завиткала во ќебе и го однела на лекување во болница. Два дена откако упатила апел за помош околу сметката за лекување на момчето, кое го добило името Хоуп (Надеж), од целиот свет примила донации во износ од 2 милиона долари.

По спасувањето на Хоуп, Ања секоја година ја рекреира фотографијата настаната за време на спасувањето на момчето и ја објавува на Фејсбук.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.