Извор на вечна младост: Eликсирот со масло од амарант е вистинско магично средство

Рецепт

Што сѐ не им паѓа на памет на луѓето за да ги зачуваат убавината и младоста! Многу од овие препарати навистина и функционираат. На пример, еликсирот со масло од амарант е вистинско магично средство…

Пред сѐ, мора да знаеме дека младоста и здравјето се зачувуваат со одредени процеси внатре во организмот, а не со надворешна примена на разни кремови и серуми…

Значи, препаратот со масло од амарант ги чисти црниот дроб и крвните садови, ја стимулира работата на дигестивниот систем, го зајакнува имунитетот, ги подобрува тонусот на мускулите и кожата, дава дополнителна енергија, а тоа не се сите негови предности.

Исто така, забележав дека по земањето на овој еликсир, во моите очи се појави здрав сјај, косата ми стана погуста, ноктите посилни, имав волја да живеам и да работам!

Фото: Getty Images

Рецепт

Соединете 200 г каков било мед (цветен, мед од хелда или липа), 100 г сок од лимон и 50 мл масло од амарант (задолжително ладно цедено) и добро измешајте. Пијте по едно лажиче трипати на ден, 15-20 минути пред јадење, во текот на еден месец. Практикувајте го третманот двапати годишно.

Забелешка: Маслото од амарант често се фалсификува, па задолжително купувајте го во специјализирани продавници. Во неговиот состав не смее има конзерванси. Наместо масло од амарант, може да се користи и ладно цедено маслиново масло.

Контраиндикации: нетолеранција на некоја од состојките.

Текст: Људмила Доренко, биолог, за „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.