Искористете го глуварчето: Вкусен сируп кој е совршен за напивки и слатки

„Медот“ од цветови од глуварче може да се одржи до една година, ако го чувате на суво и ладно место

Речиси сите делови на глуварчето може да се употребат во кулинарството, за приготвување вкусни деликатеси. Младите листови најчесто се користат за правење свежи салати и прилози.

Од цветовите на оваа билка се добива вкусен сируп, сличен на мед, кој е совршен за правење напивки и слатки, додека пупките се конзервираат во оцет.

За медот од глуварче е потребно: 250 цвета од глуварче, 750 мл вода, 1 кг шеќер и еден лимон. Приготвувањето е многу едноставно: лимонот исечете го на крукчиња, па помешајте го со вода и со цветовите од глуварчето. Варете го на умерена температура 20 минути. Течноста исцедете ја, а лимонот и цветовите пасирајте ги. Шеќерот додајте го во врелата течност и полека варете го 15 минути, додека се растопи.

Сирупот налејте го во топли и стерилизирани тегли и затворете ги.

Извор: Добра храна

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.