Исидора Бјелица: „Драга, овој Титаник по четврти пат тоне, чуму плач и врева?“

„Со стравот не треба да се бориш, стравот треба да се прифати за да исчезне“

Популарната писателка Исидора Бјелица почина вчера, во Белград, на 52-годишна возраст, од последиците од карциномот, кој дури четири пати ѝ се врати, а во еден миг имаше дури и 77 метастази…

Првиот пат, кога сè уште не ја поднесував добро терапијата, му реков на сопругот: ‘Пукај ми во глава, не можам повеќе! ‘Не го поднесував добро тоа. Имав најлоша можна ситуација. Не сакам да ги лажам луѓето. Не сакам да зборувам – беше лесно, не беше! Луѓето велеа дека ја користам болеста за маркетинг. Што требаше, да ги испратам наодите во јавноста за да ги уверам луѓето? Тука се очекува болната личноста да не се однесува нормално, да кука и слично?“, раскажа Исидора во едно интервју.

Инаку, Исидора беше позната како мошне духовита и директна личност, која вистината ја кажуваше во лице и која обожаваше да се шегува.

Го сакам животот бескрајно, и покрај најстрашното страдање што го поминав. Можеби така научив колку е вреден. Да ми кажеше некој што ме чека и низ што ќе треба да поминам, би му одговорила дека ниеден жив човек не би можел да го издржи тоа и дека не сакам да се борам. Но тогаш погледнувам во очите на моите деца и знам дека мора да продолжам. Тие два пара очи ме држат, заради нив не се откажувам и повторно станувам. Кога мислам дека веќе не можам, ме гушкаат и јас добивам волја и сила. Децата и сопругот Небојша, тие не ме пуштаат да се откажам “, рече таа неодамна, додавајќи:

 

Болеста уништува сè. Некому дури и срцето и смислата за хумор. Сè додека можам да се шегувам, има надеж за мене. Додека ја гледавме снимката со 77-те метастази што сјаат во октомври, лекарката рече дека никогаш не запознала пациент кој подобро поднел лоша дијагноза”. Ѝ реков: ‘Драга, овој Титаник по четврти пат тоне, чуму плач и врева?’ Добрата вест е што во видеото гледаме дека нема метастази во центарот за хумор, па затоа не е најлошото! Нема човек што не се соочува со страв, особено кога е на неговата смртна постела. Но, со него не треба да се бориш, стравот треба да се прифати за да исчезне.“

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.