Игривоста позитивно влијае на вашето здравје: Еве како да ја вметнете во вашето секојдневие

Истражување открива

Заедно со подобрувањето на целокупната благосостојба, истражувачите велат дека разиграноста може да го зголеми задоволството во романтичните врски и да доведе до поголема иновација на работа.

Игривоста честопати се поврзува со детството, но оваа одлика на личноста има и некои предности за возрасните. Разиграните луѓе имаат тенденција да бидат позадоволни во споредба со помалку разиграните, како што покажува новото истражување.

Според истражувањето објавено во списанието „Применета психологија: здравје и благосостојба“, овие разиграни црти на личноста може да се научат со помош на неколку едноставни вежби.

Врската помеѓу разиграноста и благосостојбата
Психолозите од универзитетот Мартин Лутер во Хале-Витенберг (МЛУ) случајно поделија 533 возрасни учесници во три експериментални групи и една плацебо група. Експерименталните групи добивале по една од овие вежби секоја вечер пред спиење:

1. Напишете три разиграни работи што ги направивте денес.

2. Напишете за искуство кога требаше да се однесувате разиграно на неочекуван или на нов начин.

3. Размислете повеќе за разиграното однесување што го забележавте во себе денес.

За да ги проучат ефектите на овие три вежби, од учесниците беше побарано да пополнат прашалници за нивната личност пред студијата, а потоа повторно по една недела, две, четири и 12.

„Нашата претпоставка беше дека вежбите ќе влијаат на луѓето свесно да го насочат своето внимание кон разиграност и да го користат почесто. Ова може да резултира во позитивни емоции, што на крајот би резултирало во поголемо задоволство на личноста“, рече истражувачот Ки Брауер.

Нивните предвидувања беа точни – учесниците во експерименталните групи учествуваа во повеќе игриви активности во текот на неделата и покажаа подобрување на општата состојба.

Спроведувањето на овие три, или една од овие три вежби, може да ги мотивира луѓето да станат позаиграни.

Заедно со подобрувањето на целокупната благосостојба, истражувачите велат дека разиграноста може да го зголеми задоволството во романтичните врски и да доведе до поголема иновација на работа.

„Разиграните луѓе тешко се справуваат со здодевноста. Тие успеваат скоро секоја секојдневна ситуација да ја претворат во забавно или лично интересно искуство“, вели психологот Рене Пројер.

Прочитајте и: Пишувањето 5-минутен дневник ќе го промени вашиот живот, еве како да започнете

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.