Говорот на Кијану Ривс за кој не престанува да се зборува: „Го мразам овој свет во кој мажите ги облекуваат своите жени како проститутки!“

Прочитајте!

ФОТО: Getty Images

Тој го мрази светот во кој жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде што младите се сметаат за успешни ако се возат во автомобил што им го купил тато. Каде што некој со малку моќ ги понижува сите останати…

Еден од омилените актери ширум светот, Кијану Ривс, не се експонира многу во јавност, но кога ќе се обрати, неговите зборови долго се паметат.

Ви пренесуваме дел од говорот на Кијану Ривс што го воодушеви целиот свет…

„Го мразам светот во кој мажите ги облекуваат своите жени како проститутки, откривајќи го сето она што треба да биде сокриено. Светот во кој не постои концепт за чест и достоинство.

Каде што жените не сакаат деца, а мажите не сакаат семејство. Каде што младите се сметаат за успешни ако се возат во автомобил што им го купил тато. Каде што некој со малку моќ ги понижува сите останати.

Каде што лицемерите велат дека веруваат во Бога, со шише алкохол во рака и со отсуство на разбирање на религијата. Каде што скромноста се смета за мана. Каде што луѓето заборавиле на љубовта, туку само гледаат како да го искористат партнерот.

Каде што момците во клубовите ги испиваат сите пари на своите родители со примитивни звуци и одвратни гримаси, а девојчињата поради тоа се вљубуваат во нив.

Каде што мажите и жените уште долго нема да се разликуваат и каде што сето тоа се нарекува слобода на избор. Јас едноставно не можам да го прифатам тоа.

Јас одбирам поинаков пат!“

Капа долу: Кијану Ривс повторно воодушевил, а ова се неговите зборови што сите треба да ги запомниме! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.