Гоца Тржан: „Јадам како птичка, избегнувам леб, а толку многу го сакам!“
Еве од што се откажува во име на ставата
Иако изгледа дека нема вишок килограми, популарната пејачка Гоца Тржан тврди дека умее убаво да се облече и да го скрие вишокот.
Знам добро да се облечам, инаку имам вишок (се смее). Постојано тренирам, тоа ми е навика. Утринава бев на тренинг и завршив се’ што требаше. Жените често ме прашуваат каква диета држам, меѓутоа, не постои. Јадам двапати на ден, како птичка. Порциите и залаците ми се мали, настојувам да не се прејадувам“, вели поп-пејачката, и открива која храна ѝ е слабост.
View this post on Instagram
Ако ми се случи да се прејадам, се знае што ми следува следниот ден – гладување и напорен тренинг. Избегнувам леб, а толку многу го сакам. Обожавам теста, но мора да се држам подалеку од нив. Кога ќе одлучам да јадам пица, на пример, сама го замесувам тестото и ја филувам со нискокалорични намирници. Така барем не се дујам. Избегнувам и слатки, но на сладолед не можам да одолеам. Човек мора некогаш да си удоволи за да биде среќен. Сите сме живи луѓе и сакаме да го прекршиме здравиот начин на исхрана“, искрена е Гоца Тржан.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм