#ГоСакамМоетоТело: Наши познати дами ни открија како се засакале себеси во целост!

Прочитајте!

Дамите што се задоволни од своето тело и не се срамат да го покажат тоа се вистинска инспирација!

Минатата година имавме интересна У&З-акција, со наслов „Баш сум убава!“, преку која ги охрабривме нашите читателки да го пробаат тој „страшен“ костим за капење и, наместо веднаш да се фокусираат на своите недостатоци, да изговорат гласно: „Баш сум убава!“. Се изненадивме од тоа колку прекрасни девојки излегоа од удобната зона и ни испратија фотографии во бикини на кои изгледаат самоуверено, среќно и задоволно од својот изглед! За жал, за многумина од нас покажувањето на телото предизвикува голем стрес, најмногу поради тоа што немаме доволно самодоверба и не се чувствуваме удобно во својата кожа. Психологот Дора Попова Узуновски ни откри како влијае физичкиот изглед врз самодовербата.

„Живееме во материјален свет, каде што физичкиот изглед многу влијае врз самодовербата, од едноставна причина што му се придава преголемо значење. На човечкиот ум му еполесно да се фокусира на она што е видливо.“

Па, сепак, зошто повеќе се фокусираме на нашите недостатоци одошто на нашите позитивни страни?

„Луѓето имаат тенденција да тежнеат кон совршенство. Така сме научени и воспитани. Едно мало дете се прифаќа себеси целосно, такво какво што е и воопшто не размислува за тоа како изгледа, сè додека не го научат да размислува на тој начин“, објаснува Дора.

Љубовта кон сопственото тело е од огромна важност, но е во директна зависност од љубовта кон сопствената личност.

„Кога човек ја сака својата внатрешност, лесно е да го сака и своето тело. Процесот секогаш е реципрочен. Нема да научите да го сакате своето тело ако нешто не е во ред внатре во вас. Квалитетот на нашиот живот зависи исклучиво од тоа како се чувствуваме“, заклучува Дора.

Луѓето што се сакаат себеси зрачат со посебна убавина и нивната самодоверба се забележува оддалеку. Иако и најсамоуверените поединци би сакале да променат одредени работи кај себе, тие не се преоптоваруваат со своите несовршености и се прифаќаат себеси такви какви што се. Тие се убави, среќни и имаат широк круг на пријатели, бидејќи сите сакаат да бидат опкружени со позитивни луѓе, ослободени од комплекси и фрустрации. Не се грижат за туѓото мислење и уживаат во сè што прават. Токму тие нека ви послужат како поттик и вие да си го засакате сопственото тело, безусловно и безрезервно!

Дамите што се задоволни од своето тело и не се срамат да го покажат тоа се вистинска инспирација! Ивана Кнез, Христина Младеновска и Бојана Нушкова ги споделија своите лични искуства…

Ивана Кнез

@ivanaknez

Нејзиниот моден бренд „Драма“ дише со оригиналност и храброст. Дизајнерката и костимографка Ивана Кнез никогаш не се задоволувала со просек и секогаш ги уривала општествените норми.

ФОТО: Say Yes Photography

Комплексите се наметнати од општеството… Како мала го имаш оној момент од сосетки, соученици и неважни роднини:„Леле,буце, види го какво е!“. И како растеш, општествено те силуваат со стандарди и норми, па така цел живот бев убедена дека сум дебела. Мене никогаш не ми пречело тоа, но на мојата околина премногу. Никогаш не сум имала проблем да најдам партнер, дури и последниот дечко сам се изјасни дека никогаш не ме доживувал како крупна или дебела, а сега ја гледа разликата. Кај мене поттикот да ослабам беше здравствен и тврдам дека дебелината не е добра само поради здравјето.

Недостатоците се нормална појава… Дали денес би сменила нешто на себе? Жена сум, да можам на дневно ниво ќе менувам нешто. Никогаш ништо не ми е доволно добро. Но не се опседнувамтолку многу за да не знам да се вратам во колосек.

ФОТО: Say Yes Photography

За голотијата и туѓото мислење… Ако сите те сакаат, нешто не е во ред со тебе. Јас растев со Мадона во 1990-тите, студирав уметничка академија и живеев надвор од земјава седум години. За мене нема нешто срамно. Моите стандарди често се несфатени и осудени, но за возврат јас не осудувам никого. Јас знам дека ова е мое тело, го делам со оној што го сакам, а можам да му го покажам и на целиот свет, ако сакам, без трошка срам. Тоа е мој начин, што не значи дека треба да е сечиј.

Како да се засака сопственото тело? Проширете ги вашите хоризонти за прием на нови информации. Не обрнувајте внимание на озборувањата и имајте цел. Јас имав предизвик да ја покорам својата најголема зависност и да преземам контрола врз моите дејства. И ми успеа. Не форсирајтесе. Треба да ја почувствувате потребата за промена. Со форсирање доаѓа само до непотребна фрустрација и гнев. Сè ќе си дојде на правото место и во правото време.

Продолжете на следната страница за останатите две инспиративни приказни…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.