ГЛАД на телото, душата и на умот: Типови дебелеење

Во последниве десет години, во Македонија расте бројот на дебели луѓе

Ако е нашето тело единствениот костум што ќе го носиме до крајот на животот, зошто тогаш дозволуваме да ни стане претесен? Што е психолошки глад и од што се браниме со храната? Како и кога донесуваме одлука да се дефинираме како дебели? И какви игри играат дебелите – со себе и со другите? Одговорите на овие прашања ги добивме од У&З-експерт, тренер за личен развој.

Дебелината го зголемува ризикот од дијабетес, стерилитет, болести на коскено-зглобниот систем, но и од болести што го загрозуваат животот, како што се: инфаркт на срце, тумори на органите за варење, на матката, дојките, ненадејна смрт поради срцев и мозочен удар. Иако Америка долго време беше прва кога станува збор за дебелината, полека ја стигнуваат и другите земји, па оваа епидемија стана пандемија.

Затоа се запрашавме дали за покачениот индекс на телесна маса навистина главен виновник се прехранбената индустрија и нарушената филозофија, односно здравствените проблеми, или, пак, дебелината на психата и на интелектот? Често го занемаруваме фактот дека нашиот надворешен изглед го одредува нашиот однос кон светот, но и кон својата интима. Благодарение на изгледот на нашето тело, кое е изложено на погледите на јавноста, општеството нè класификува како посветени или немарни, убави или грди, вити или дебели, здрави или болни.

Со текот на времето, и самите ја прифаќаме сликата што ја гледаат другите. Убаво звучи кога ќе кажат дека физичкиот изглед не е важен, но, за жал, тоа не е точно. Физичкиот изглед е одраз на нашиот внатрешен изглед. Сите надворешни промени прво се случуваат на внатрешен план, па дури потоа се манифестираат и на надворешниот. Како изгледа кога дебелината ќе нè „нападне“ на сите три нивоа – физичко, психолошко и интелектуално? На таа тема разговаравме со тренери за личен развој.

Разликата меѓу дебелината на телото, умот и интелектот

Кога телото е дебело, јасно е дека имате вишок килограми. Кога зборуваме за дебел ум, тоа значи дека сте му дале многу поголемо внимание одошто заслужува. Постојат личности што функционираат само низ умот или низ срцето. Кога зборуваме за „храна“ за психата, телото и за интелектот, важно е, пред сè, да се грижиме за своето битие. Често или водиме сметка за исхраната и за вежбањето или за својата ментална и духовна состојба. Целта е да се најде единство. Да се сакаме себеси доволно за да внимаваме каква храна внесуваме во своето тело за да биде здраво; да вежбаме бидејќи на нашиот организам му е неопходна активност; да се менуваме себеси за да бидеме подобра личност.

Лоши мисли и управувањето со нив

Преголема, неконтролирана потреба за храна е последица на емотивна празнина. Со внесување храна, особено слатки, ја пополнуваме празнината на едно ниво, но само моментално. Кога доаѓа до дебелина, настапуваат други проблеми: незадоволство, неприфаќање на своето тело и осудување. Единствен начин да управуваме со своите мисли е да почнеме да се запознаваме себеси. Кој сум јас, што ми годи, што не ми годи, што ме мотивира, инспирира или ме лути… Кога ќе почнеме да одговараме на овие прашања, си стануваме јасни самите на себе и ни стануваат појасни и сопствените емоции. Кога ќе одговориме на овие прашања, тогаш наша одговорност е да ги почитуваме одговорите. Тука лежи храната за умот.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.