Генијот знаел дека не постојат лоши ученици: Писмо на Алберт Ајнштајн што мора да го прочитате!

Писмо од татко до син

Во продолжение прочитајте го писмото во кое еден од најголемите гении на светот открива како децата можат најмногу да научат

Алберт Ајнштајн бил теориски физичар и еден од најголемите умови во светската историја. Неговата генијалност немала граници, а уште во училишната клупа сакал да сонува и да талка со мислите.

Поради тоа што често ги игнорирал училишните обврски, го нарекувале лош ученик. Некои од предметите едноставно повеќе му се допаѓале од другите, па ним им го посветувал целото внимание, додека не се занимавал многу со другите.

Подоцна, кога станал родител, се водел по мислењето дека на децата треба да им се даде слобода да откријат што ги интересира.

Така, тој ги поттикнувал своите синови Ханс Алберт и Едуардо да развиваат интереси што не се поврзани со училиштето. Откако се развел од сопругата Милева, продолжил да живее во Берлин, а неговите синови живееле со мајка им на релација Виена-Цирих.

Во писмото што во 1915 година му го испратил на тогаш 11-годишниот Ханс Алберт, го советува да се држи до свирењето клавир и дрводелството, кои детето ги обожавало, бидејќи тоа за него е подобро и од училиште.

За разлика од многу родители што не го разбираат тоа, Ајнштајн знаел дека не постојат лоши ученици. Тоа е само лош назив за децата и младите кои не добиле прилика да ги развиваат своите интереси, туку другите само се обидувале да ги фрлат во калапот на постоечките наставни пропишани активности.

Прочитајте го неговото писмо:

„Мој драги Алберте,

вчера го добив твоето писмо и многу бев среќен поради тоа. Се исплашив дека никогаш повеќе нема да ми пишеш. Кога бев во Цирих, ми кажаа дека ти е чудно кога ќе дојдам таму. Затоа, мислам дека би било подобро да се наоѓаме на некое друго место, каде што никој нема да ни пречи.

Без оглед на се’, те замолувам секоја година да поминуваме цел месец заедно за да видиш дека имаш татко кој се грижи за тебе и те сака. Од мене можеш да научиш многу добри работи, нешто што другите не можат лесно да ти го понудат. Она што го постигнав со напорна работа не е само за другите, туку е особено за вас, моите деца. Деновиве го завршив еден од моите најубави трудови во животот и кога ќе бидеш поголем, ќе ти раскажувам за тоа.

Драго ми е што слушам дека уживаш во свирењето клавир. Според мене, клавирот и дрводелството се најдобрите работи за момче на твои години, дури и подобри од училиште. Тоа се работите што на млада личност како тебе одлично и’ одговараат.

Свири го она што тебе ти се допаѓа, дури и ако наставниците не ти даваат да го вежбаш тоа. Така најмногу ќе научиш, уживајќи во тоа што го правиш до таа мера што не ни забележуваш дека поминало време. Јас понекогаш бев толку занесен во работата што заборавав на мојот пладневен оброк.

Ви праќам бакнеж на тебе и брат ти,

Тато.

Поздрав до мама.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.