Фотографијата што ги освои сите: Оскаровецот и актерката јадат веге-бургери на скали и се гледаат среќно и заљубено (ФОТО)

Како сиот нормален свет...

Хоакин Феникс (45) и неговата свршеница Руни Мара (34) дефинитивно се една од најневообичаените холивудски двојки.

Популарните актери го избегнуваат типичниот холивудски начин на живеење, не одат на забави што ги приредуваат славните личности, ниту во отмени ресторани. Јадат исклучиво зеленчук и овошје од својата градина, заедно одат на педикир и често може да се видат на протести за правата на животните.

Иако не сакаше да ја коментира свршувачката, Феникс, наводно, ѝ предложил брак на Мара минатиот мај по тригодишна врска. Според странските медиуми, свадбата ќе биде интимна за мал круг луѓе.

Двојката ги воодушеви обожавателите на неодамнешното доделување на „оскарите“. Имено, вљубените гулапчиња цело време разменуваа нежност и се забавуваа, а по свечената церемонија, папараците ги снимија Феникс и Мара како јадат веге-бургери седејќи на скали, се смешкаат еден на друг и изгледаат среќно и заљубено.


Фото: Getty Images, Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.