Еве зошто на жените по 30-та година им е тешко да го најдат „вистинскиот“

Не е лесно...

Кога жената созрева, за неа е потешко да најде квалитетен и добар партнер. Еве зошто е така!

Тие не глумат

Кога зрелите жени ќе се сретнат со потенцијални партнери, тие не се преправаат дека се нешто што не се. Тие не сакаат да освојуваат со лажни квалитети и фалби. Таа нема да се смее на глупави шеги и нема да се воздржи од коментарите што сака да ги каже. Која е користа од глумење кога вистината порано или подоцна ќе излезе на површина?

Тие не се плашат да го кажат она што го мислат

Во нашите млади денови избегнуваме да поставуваме некои важни прашања од различни причини. Обично се плашиме да не изгледаме глупаво, да не го навредиме партнерот или да не оставиме лоша слика за себе.  Зрелата жена не се плаши од тоа да праша сѐ што ја интересира. Таа знае дека непознатите работи се многу полоши од вистината.

Тие отворено покажуваат што сакаат

Зрела жена не сака да оптеретува маж со постојани поплаки, но има некои работи за кои не сака да молчи. Таа ќе го побара она што го заслужува и нема да се согласи на нешто што е под нејзиното ниво. Колку е повозрасна , толку повеќе е свесна за својата вредност.

Не зависат од мажот
Иако многу мажи очекуваат жената да зависи од нив, зрелите жени нема да го толерираат тоа. Тие ќе ја почитуваат силата, мажественоста и успехот, но нема лажно да се преправаат дека им е потребна нивна заштита.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.