Еве што носи Анџелина Џоли во својата чанта (ВИДЕО)

Нејзините мали задоволства во животот

Фото: Getty Images

„Полека напредуваме, како мразот да се топи и крвта да ми се враќа повторно во телото.“

Анџелина Џоли во видеоинтервјуто за магазинот „Вог“ откри што носи во својата чанта. Доколку ја отвореше својата „мама-чанта“ во неа ќе имаше грицки, мобилни телефони, маички и други предмети на нејзините деца…

Обично носам од оние големите чанти наменети за мајки, во кои има многу работи на моите деца, кои се во стилот: ‘Мамо, ќе можеш ли да ми го поддржиш ова’. Бидејќи во неа речиси и нема нешто мое да ви покажам, се одлучив за оваа чанта. Во неа имам очила за сонце, обично со изгребани стакла, но овие се нови… Се гледате во нив? Ова е екипата… Масло за лице ‘герлан’, пенкало и молив, чоколатце за мама… Знаете, мали задоволства во животот… јас сакам чоколадо“, вели популарната актерка во видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)


Четириесет и петгодишната актерка зборуваше и за мајчинството, животот и пребродувањето на разводот и за тоа како изгледа еден типичен ден од својот живот.

Па никогаш не сум била добра во седењето во место. Иако многу сакав да бидам мајка и да имам многу деца, отсекогаш замислував дека тоа ќе биде како патување сред некоја џунгла. Никогаш не го замислував во вистинска, традиционална смисла. Сметам дека ми фалат сите вештини за да бидам традиционална мајка која седи дома. Се справувам некако бидејќи децата се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа“, вели Анџелина.

На прашањето дали моментално се наоѓа на добро место во животот, Џоли одговора:

Не знам. Изминатите неколку години беа многу тешки. Се фокусирав на заздравувањето на нашата фамилија. Полека напредуваме, како мразот да се топи и крвта да ми се враќа повторно во телото.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Ми се допаѓа тоа што сум постара. Се чувствувам поубаво во моите 40-ти години отколку што се чувствував кога бев помлада. Можеби затоа што мајка ми не живееше доволно долго, па има нешто во возраста кое го чувствувам како победа, наместо тага. Со нетрпение ги чекам моите 50-ти години“, додала Џоли.

Фото: Инстаграм @britishvogue, Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време